Државната изборна комисија ги обработи сите 24 избирачки места во Брвеница. Кандидатот на Национална алијанса за интеграција, Архин Јахији е победник со 4.442 гласови наспроти 4.177 за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.

ДУИ, која ја предводи НАИ вечерва слави во Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ го призна и честиташе поразот, но забележа дека победата на Јахији е благодарение на гласови од дијаспората кои се вратиле за да го дадат својот глас на локалните избори.
Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ и Радичевски биле сами против сите.
-Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, вели Мицкоски.

