- Топло уште во осум часот – УХМР најавува топол ден, но и силно невреме
- Трагедија во регионот: Гром усмрти маж пред прагот на куќата – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Тешка несреќа го разбуди Скопје – Се судрија камиони, едниот смачкан
- Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
- Муцунски во Даблин на средби со ирски државни претставници – ЕУ во фокусот
- Подобри услови за пациентите: Мицкоски во посета на реконструираната болница во Струмица
- „Страв и надеж“ вечерва на сцената на Македонскиот народен театар
- Експерти, институции и млади на дебата за социјално претприемништво во Скопје
Author: Author 04
Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, посветена на духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј и словенската писменост. Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ги претстави делата на македонските уметници Александра Костадиновска, Ана Митевска, Ангел Коруновски и Лазе Трипков, реализирани преку сликарство, фотографија и дигитални медиуми. Сиљановска-Давкова, оценувајќи ја изложбата како импресивна и моќна, укажа дека уметноста е еден од најсилните облици на културна дипломатија и меѓусебно поврзување. „Уште еднаш се покажа дека креативноста, умот и…
Американскиот претседател Доналд Трамп веќе седми ден не се појавува во јавноста, што повторно ги покрена дискусиите за неговата здравствена состојба пред неговиот 80-ти роденден, кој ќе го прослави на 14 август. Загриженоста во американските медиуми се појави откако новинарот Арон Рупар предупреди дека Трамп нема одржано јавен настан или прес-конференција од состанокот на администрацијата на 27 мај. Оттогаш, претседателот е виден само во претходно снимено телевизиско интервју, а дополнителни шпекулации предизвика неговата неколкучасовна посета на Воено-медицинскиот центар „Волтер Рид“ пред неговото последно појавување. Како што пишува „Мирор“, дел од медицинските експерти изразија сериозен сомнеж за официјалните резултати од прегледите…
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес-конференција изнесе детали околу приведувањето на поранешниот директор на Царината и екс-градоначалник на Карпош, Стефан Богоев. Според партиските информации, сомневањата се поврзани со доделување договори за јавни набавки за одржување хигиена на граничните премини во периодот додека тој раководел со институцијата. „Поранешниот потпретседател на СДС и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали. На сајтот на јавни набавки се гледаат неколку тендери за оваа намена на кои потпис ставил…
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку прес-конференција упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со неговите ставови за билатералниот спор со Бугарија. Портпаролот на владејачката партија, Валентин Манасиевски, истакна дека опозицискиот лидер води политика која директно ги штети македонските државни интереси. „Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор“, рече Манасиевски. Според партискиот портпарол, однесувањето на актуелното раководство на СДСМ предизвикува задоволство кај официјална Софија. Тој додаде дека ваквите чекори нанесуваат штета на самата опозициска партија. „Од…
Најмалку 21 лице го загуби животот, а неколкумина се повредени во голем пожар што зафати висока зграда во главниот град на Индија, Њу Делхи, соопштија од локалната полиција. Според првичните информации објавени од индиските медиуми, меѓу загинатите има и странски државјани од јужноазиските земји, кои престојувале во објектот поради медицински третман или како придружба на своите блиски. Објектот во кој избувнал пожарот функционирал како пансион за пациенти и нивни семејства, лоциран во непосредна близина на приватна болница. Во моментот на несреќата сè уште не бил познат точниот број на луѓе кои се наоѓале внатре. Спасувачките служби информираат дека повеќе од…
Посебните истражни мерки (ПИМ) во текот на изминатата година биле насочени кон разоткривање на тешки форми на деликвенција и корупција во државата. Официјалните бројки од Обвинителството покажуваат дека во текот на 2025 година, под директен таен прогон и надзор биле ставени вкупно 365 лица. Од оваа бројка, 362 лица биле со прецизно утврден идентитет, додека за три лица мерките се воделе под неутврден идентитет. Тајниот надзор го опфатил и следењето на 56 предмети, главно патнички и товарни моторни возила, како и мотори поврзани со извршување на кривичните дела. Споредбената статистика со претходната година покажува одредени промени во работата на истражните…
Усвојувањето на Оперативниот план за вработување за 2026 година е уште еден доказ дека ВЛЕН гради политики кои директно влијаат врз животот на граѓаните. Оперативниот план, промовиран во рамките на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Аднан Ејупи, предвидува инвестиција од 40 милиони евра и ќе опфати повеќе од 10 илјади корисници, претворајќи се во реална поддршка за над 10 илјади семејства кои живеат и придонесуваат во Северна Македонија, велат од ВЛЕН. „Преку поддршка за самовработување, претприемништво, стручни обуки и нови работни места, се создаваат конкретни можности за младите, жените и за…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со претставници на Француската бизнис конфедерација. Клучна тема на разговорот беа можностите за продлабочување на економската соработка, привлекувањето нови инвестиции и развојот на партнерства во секторите со висок потенцијал за раст. За време на разговорите, Муцунски ги претставил владините приоритети во делот на економскиот развој, нагласувајќи ја подготвеноста на домашните институции да обезбедат поддршка за странскиот капитал. Како што објави самиот министер на социјалните мрежи, државата е подготвена да биде силен и сигурен партнер за сите компании кои сакаат да придонесат кон развојот на стопанството. Тој ја потенцираше…
Под влијание на циклонска активност времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град, информираше УХМР. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота и во понеделник повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме.Утринските температури ќе се спуштат до 9 степени, додека дневните ќе се искачат до 35…
Оператори со храна свесно ги доведуваат во заблуда потрошувачите преку продажба на производи чиј состав не одговара на наведеното на самите декларации, покажаа најновите анализи на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Примероците со недозволени состојки, како растителни масти, се лоцирани главно во млечната и месната индустрија. Гостувајќи во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, Светлана Колариќ од АХВ информираше дека по налог на директорот на Агенцијата, во март биле спроведени засилени инспекции низ малопродажната мрежа во Скопје. Притоа, инспекторите зеле вкупно 91 мостра, поделени на 45 примери од млечни производи и млеко и 46 од сувомеснати производи. Колариќ детално ги…
