Author: Author 04

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(58) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување’’. Во декември 2024 година во комбе со кое вршел превоз на патници, во момент кога немало никој друг во комбето, пријавениот извршил полови дејствија врз 15-годишна малолетничка од тетовско.

Повеќе

Вчера во СВР Тетово е пријавено дека околу 09:50 часот во Државно средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово настанал пожар на една кабина во машки тоалет. Пожарот бил изгаснат од вработените со противпожарни апарати и хидранти. При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, за укажување на лекарка помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител.

Повеќе

Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје, Е.М (29) од с.Ласкарци, скопско, пријави дека во негов објект во изградба на патот Сарај-Матка, каде работел со негов пријател, дошле неговиот татко Е.М.(57) и неговиот чичко С.М.(45), со кои што имал претходни деловни недоразбирања, а откако им рекол да го напуштат објектот тие со пиштол и ловечка пушка почнале да пукаат кон објектот и го оштетиле неговото патничко возило. По преземени мерки полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.М., а при извршен претрес во неговиот дом со судска наредба биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и патрони. Се…

Повеќе

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска им доделија сертификати на 50 наставници од основните училишта кои учествуваа на работилница за креирање забавни ученички активности кои поттикнуваат заедништво и почитување на различностите. Работилницата, организирана во соработка меѓу МОН и ОБСЕ, на просветните работници им овозможи нови практични алатки за создавање поинклузивни, побезбедни и поподдржувачки училишни средини. Министерката Јаневска истакна дека образованието има клучна улога во градењето доверба и соживот, посочувајќи ги наставниците како клучни сојузници во овој процес. „Со надградувањето на овие ваши вештини, вие директно придонесувате за развој…

Повеќе

Пожар избувнал во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово, по што шест лица биле пренесени во Клиничкиот центар за укажување лекарска помош. Според пријавата во тетовската полиција, огнот настанал во една од кабините во машкиот тоалет на училиштето. Пожарот бил брзо локализиран и изгаснат од страна на самите вработени, кои интервенирале со противпожарни апарати и внатрешните хидранти. Интервенцијата поминала со последици по здравјето на вработените кои го гаснеле пламенот, поради што морала да реагира и медицинска екипа. „При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово,…

Повеќе

Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, посветена на духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј и словенската писменост. Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ги претстави делата на македонските уметници Александра Костадиновска, Ана Митевска, Ангел Коруновски и Лазе Трипков, реализирани преку сликарство, фотографија и дигитални медиуми. Сиљановска-Давкова, оценувајќи ја изложбата како импресивна и моќна, укажа дека уметноста е еден од најсилните облици на културна дипломатија и меѓусебно поврзување. „Уште еднаш се покажа дека креативноста, умот и…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе седми ден не се појавува во јавноста, што повторно ги покрена дискусиите за неговата здравствена состојба пред неговиот 80-ти роденден, кој ќе го прослави на 14 август. Загриженоста во американските медиуми се појави откако новинарот Арон Рупар предупреди дека Трамп нема одржано јавен настан или прес-конференција од состанокот на администрацијата на 27 мај. Оттогаш, претседателот е виден само во претходно снимено телевизиско интервју, а дополнителни шпекулации предизвика неговата неколкучасовна посета на Воено-медицинскиот центар „Волтер Рид“ пред неговото последно појавување. Како што пишува „Мирор“, дел од медицинските експерти изразија сериозен сомнеж за официјалните резултати од прегледите…

Повеќе

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес-конференција изнесе детали околу приведувањето на поранешниот директор на Царината и екс-градоначалник на Карпош, Стефан Богоев. Според партиските информации, сомневањата се поврзани со доделување договори за јавни набавки за одржување хигиена на граничните премини во периодот додека тој раководел со институцијата. „Поранешниот потпретседател на СДС и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали. На сајтот на јавни набавки се гледаат неколку тендери за оваа намена на кои потпис ставил…

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку прес-конференција упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со неговите ставови за билатералниот спор со Бугарија. Портпаролот на владејачката партија, Валентин Манасиевски, истакна дека опозицискиот лидер води политика која директно ги штети македонските државни интереси. „Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор“, рече Манасиевски. Според партискиот портпарол, однесувањето на актуелното раководство на СДСМ предизвикува задоволство кај официјална Софија. Тој додаде дека ваквите чекори нанесуваат штета на самата опозициска партија. „Од…

Повеќе

Најмалку 21 лице го загуби животот, а неколкумина се повредени во голем пожар што зафати висока зграда во главниот град на Индија, Њу Делхи, соопштија од локалната полиција. Според првичните информации објавени од индиските медиуми, меѓу загинатите има и странски државјани од јужноазиските земји, кои престојувале во објектот поради медицински третман или како придружба на своите блиски. Објектот во кој избувнал пожарот функционирал како пансион за пациенти и нивни семејства, лоциран во непосредна близина на приватна болница. Во моментот на несреќата сè уште не бил познат точниот број на луѓе кои се наоѓале внатре. Спасувачките служби информираат дека повеќе од…

Повеќе