Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА
    • Ништо од свадбата на Игор Којиќ и бремената Николина: Кеба откри се
    • Вучиќ за ескалацијата во ЕУ: Кога се случи насилството во Париз, ја изведоа војската, а јас немав ниту еден воден топ
    • Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември
    • Македонскиот крем – Де ла крем на концертен предновогодишен спектакл со еден зеназборавен концерт…Сузана, Наум, Миле и Баже и нивните гости во кафеанска ноќ за паметење
    • Серија апсења во Скопје
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос
    • Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА

    Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА

    20.10.2026 во 16:571 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздрави активностите на компанијата ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.

    Од ресорното министерство информираат за продолжување на иницијативата за намалување на цената на дизелот во следниот период.

    -Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари – се наведува во соопштението.

    Од Министерството посочуваат дека ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард.

    Според изнесените податоци, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра.

    Од Министерството порачуваат дека остануваат посветени на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со сите релевантни чинители на пазарот.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември

    20.10.2026 во 16:23

    ССМ: За да преживее, на едно семејство му треба над 70.000 денари месечно

    20.10.2026 во 11:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.