Поради планирани технички зафати и реконструкција на дистрибутивната мрежа, утре (четврток, 22 октомври) повеќе скопски населби и улици привремено ќе останат без снабдување со електрична енергија.
Во општина Центар, прекин во снабдувањето ќе има за корисниците од делови од улицата „20-ти Октомври“ и дел од улицата „Владимир Полежиновски“.
Прекинот во овој дел од градот ќе трае во периодот од 09:00 до 14:30 часот.
Во општина Кисела Вода е најавено исклучување на улицата „Христо Татарчев“ 22.
Жителите на оваа локација ќе бидат без електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот.
На подрачјето на општина Аеродром, поради изведување реконструкција на нисконапонската мрежа во населбата Горно Лисиче, без напојување ќе бидат корисниците на улицата „Љупка Џундева“.
Прекинот го опфаќа потегот од кристосницата со улицата „Тодор Чангов“ кон улицата „Тодор Чангов – подулица 20“.
Исклучувањето во Горно Лисиче е планирано да трае од 09:00 до 14:00 часот.

