- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нова динамика на интеграција на Западен Балкан, претставува уште една потврда на она што го говори СДСМ, дека има расположение во ЕУ за прошрување но Македонија мора да ги спроведе реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот, се вели во соопштението од СДСМ. „Нашата заедничка цел е да ја комплетираме Унијата како вистинска Европска Унија. За да ја оствариме оваа аспирација и да внесеме нова динамика, мора да обезбедиме дополнителни стимулации како дел од постепен процес на интеграција базиран на заслуги и да го поедноставиме тековниот процес…
Во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој се одржа денес во Тиват, Црна Гора, претседателот на владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која оцени дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив. „Ова се моменти кога практично Европската унија, односно Европскиот Совете јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. Она што е наша задача како Влада е тој процес да го зачуваме, да напредуваме, но истовремено да не го изгубиме достоинството, како што тоа беше пример во минатите децении, кога станува збор за нашите македонски аспирации за членство во…
Евроамбасадорот Михалис Рокас посочи дека во моментов сè уште е рано да се предвиди конечниот исход од заедничкиот француско-германски нон-пејпер кој беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. Тој ја даде оваа оценка за време на денешниот заеднички увид со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос. Содржината на француско-германскиот документ, објавен од медиумите, бара од Европската комисија да подготви предлози за етапна интеграција на земјите кандидати, вклучувајќи и привилегиран пристап до единствениот пазар врз основа на реформскиот напредок. Документот носи наслов „Нов поттик за проширувањето во…
Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол. Две лица во Прилеп возеле без возачка дозвола и по едно лице во Кривогаштани, Скопје (малолетник), Тетово, Гевгелија, Дебар и Ресен (малолетник). Додека, едно лице во Скопје и едно лице во Демир Хисар управувале возила под дејство на алкохол. По…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со евроамбасадорот Михалис Рокас и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, извршија увид на градежните активности на локалитетот „Маркова Нога“. Посетата беше фокусирана на напредокот на работите околу воспоставувањето на новиот граничен премин кој во иднина директно ќе ги поврзува Македонија и Грција. Од Министерството за внатрешни работи нагласуваат дека во целост ги вложуваат своите капацитети во реализацијата на овој стратешки проект, при што во тек е реконструкција и опремување на граничната полициска станица со финансиска поддршка од Европската Унија. Отворањето на преминот „Маркова Нога“ се очекува да донесе нов економски импулс и…
ДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам, изјави Шабан Ајллајбегу на прес-конференција. За првпат, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. ВЛЕН после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со импровизации, а уште помалку со алатки што денес ги има, а утре ги нема, туку со закон. Правичната застапеност и вработувањето на албанците во јавниот сектор повеќе нема да биде предмет на политички пазарења или партиски желби. Од овој момент вработувањето на албанците во јавниот…
Гаши на средба со Ќура во Струга: Се отвораат пратенички канцеларии за директен контакт со граѓаните
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на својата работна посета на Струга оствари официјална средба со струшкиот градоначалник Менди Ќура. На состанокот беа отворени актуелните прашања кои се од директно значење за локалната самоуправа, со посебен акцент на секојдневните потреби на граѓаните од овој регион. Спикерот Гаши ја потенцираше важноста од одржување постојан и отворен дијалог со локалните власти, како клучен предуслов за побрзо детектирање и ефикасно решавање на проблемите на терен. Како конкретен чекор за унапредување на соработката беше најавена можноста за отворање на пратенички канцеларии во Струга, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и полесна комуникација…
Новитет во образованието: Воведен вештачки интелегентен четбот за помош при користење на Е-дневникот
Министерството за образование и наука, во соработка со Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, пушти во употреба нова дигитална алатка за поддршка на корисниците на Е-дневникот. Станува збор за напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на современа RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е директно интегрирано во постоечкиот систем на Е-дневникот. Оваа алатка користи вештачка интелигенција за да овозможи интелигентно пребарување и брзо генерирање прецизни одговори на сите прашања и недоумици кои корисниците ги имаат при секојдневната работа со дневникот. Четботот нуди поефикасна обработка и структурирање на документацијата,…
МВР продолжува со брзо расчистување на кривичните дела поврзани со семејно насилство, во мај 2026 пријавени се 70,5 % повеќе кривични дела и поднесени се 71,3 % кривични пријави во однос на мај 2025 година Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец од претходната година. Најголем дел од кривичните дела се „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ – 52 кривични дела, додека од потешките кривични дела во овој период извршено е едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред почетокот на работниот дел на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, даде детален пресек на неговите билатерални средби со европските лидери. Тој потврди дека на состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц станало збор за заедничкиот германско-француски предлог кој предвидува етапно интегрирање на регионот пред полноправно членство. Првиот човек на Владата посочи дека клучниот фокус на извршната власт останува насочен кон зачувување на евроинтегративниот процес и напредувањето во реформите, но со заштита на државните позиции. Мицкоски изрази задоволство од дијалогот со Мерц, францускиот претседател Макрон и претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, додавајќи дека…
