Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово е пријавено дека на некатегоризиран пат на место викано „Мушкови чешми“ во атар на Пехчево, трактор со приколка со пехчевски регистарски ознаки, управуван од 66-годишниот М.П. од с.Црник, пехчевско, излетал од патот, соопштија од МВР.
Од здобиените повреди М.П. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пехчево и јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е дадено во Судска медицина за обдукција.
- Трактор излета од пат во Пехчево, загина маж
- Николоски: Мора да ги развиваме коридорите 8 и 10 за да обезбедиме економски напредок на Македонија
- Насилството од улиците се префрли во Собранието – тепачка во Парламентот на Албанија
- Јаневска во Брисел: Создаваме услови за зачувување на младите истражувачи во земјата
- Тозиевски: Се гради пешачко-велосипедска патека од 180 км и се инвестира во комуналната мрежа во Ресен
- Герасимовски: Ангажирани 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
- Потоп па стабилизација – УХМР соопшти какво време нè очекува за продолжениот викендот
- Наумоски: Колку „странски работници“ договориле Мицкоски и Николовски?

