Двајца жители на Радовиш, на возраст од 30 и 31 година, биле лишени од слобода откако полицијата кај едниот од нив пронашла марихуана, а дрога била откриена и при претрес во неговиот дом.
Според информациите од полицијата, настанот се случил на 20 октомври, околу 20:30 часот, кога полициски службеници од ОВР Радовиш извршиле преглед на Е.А. и Е.Д. Кај 30-годишниот Е.А. биле пронајдени две пакувања со марихуана.
Следниот ден, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што била пронајдена и одземена дополнителна количина марихуана.
За случајот бил известен јавен обвинител. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

