Четириесетгодишен гостиварец е приведен во близина на граничниот премин Ќафасан, откако полицијата кај него пронашла околу еден килограм марихуана.

МВР
Според информациите од полицијата, мажот бил запрен на 21 октомври околу 20:50 часот, при контрола во близина на преминот на струшкото подрачје. Во црна вреќа што ја носел бил пронајден канабисот.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струга. По документирањето на настанот, од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ најавуваат кривична пријава против осомничениот.

