Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи
    • Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион
    • Николоски за автопатот Охрид-Кичево: На терен има одличен напредок, се гледа крајот
    • Утре 30-тата класа питомци ќе даде заклетва на Воената академија во Скопје
    • 69-годишен маж извадил пиштол по караница во Желино, полицијата му поднесе кривична
    • Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос
    • Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи
    • Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи

    „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи

    21.10.2026 во 16:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на активностите за одбележување на Розовиот октомври, меѓународниот месец за подигнување на свеста за ракот на дојка, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на едукативен настан за подигнување на јавната свест, организиран во основното училиште „Исмаил Ќемали“, заедно со д-р Илир Исмаили, наставниците и учениците од училиштето.

    Настанот беше посветен на значењето на информирањето, подигнувањето на свеста и раното откривање на ракот на дојка, со посебен акцент на улогата на здравствената едукација и редовните превентивни прегледи во заштитата на здравјето. Преку разговорот со присутните беше пренесена пораката дека грижата за здравјето и континуираното информирање претставуваат заедничка одговорност на институциите и општеството.

    „Розовиот октомври е важен потсетник дека борбата против ракот на дојка бара свесност, солидарност и континуирано дејствување. Денеска, заедно со д-р Илир Исмаили, наставниците и учениците од училиштето „Исмаил Ќемали“, разговаравме за значењето на раното откривање и редовните превентивни прегледи. Како Општина Чаир, ќе продолжиме да поддржуваме иницијативи што ја промовираат здравствената едукација и ја подигнуваат свеста кај граѓаните. Нашата цел е оваа порака да допре до секое семејство, бидејќи раното откривање спасува животи“, изјави Меџити.

    Општина Чаир ќе продолжи со поддршката на едукативните активности и иницијативите за подигнување на јавната свест, во соработка со образовните институции и здравствените работници, со цел промовирање на културата на превентивна здравствена заштита, информираноста и одговорноста кон јавното здравје.

    Прочитај повеќе

    Николоски за автопатот Охрид-Кичево: На терен има одличен напредок, се гледа крајот

    21.10.2026 во 15:45

    Утре 30-тата класа питомци ќе даде заклетва на Воената академија во Скопје

    21.10.2026 во 15:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.