Општина Босилово продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобри услови за живот и рамномерен развој на сите населени места, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Меѓу најзначајните инвестиции се изградбата на фекална канализација во Моноспитово, вредна околу 2 милиони евра, како и изградбата на нов водоводен систем за Иловица и Штука, инвестиција од околу 800.000 евра.
Интензивно се работи и на целосната реконструкција на основното училиште во Еднокуќево, вредна 15 милиони денари, додека во изминатиот период се асфалтирани 12 улици и локалните патишта Турново–Бориево и Радово–Турново.
Со посветена работа, планирање и одговорно управување со општинските средства, Босилово создава подобра инфраструктура, поквалитетни јавни услуги и нови можности за развој.
Општина Босилово се гради со конкретни проекти, видливи резултати и визија за подобра иднина на сите граѓани“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
- ВМРО-ДПМНЕ: Општина Босилово се гради со конкретни проекти, видливи резултати и визија за подобра иднина на сите граѓани
- ГАЛЕРИЈА: Почна реконструкцијата на две клучни улици во Бутел – Ѓорѓиевски вели „зборот е збор”
- Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ за две години врати 2,31 милијарди евра претходен долг, 187 проценти повеќе од СДСМ и ДУИ
- Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат
- „Тешко е да се прифати дека си замина“: Тажна вест за музичката сцена – почина првиот тенор на Загорската клапа
- Фатен по потерница – Маж ќе лежи во Идризово
- Лоши вести за Новак Ѓоковиќ
- На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

