Author: Author 04

Една од најпознатите плажи на италијанскиот остров Сардинија, Ла Пелоса, воведе строги нови правила за посетителите со цел да ја заштити својата природна средина, која секоја година привлекува туристи од целиот свет. Локалните власти предупредуваат дека дури и обичните крпи придонесуваат за постепено исчезнување на песокот, поради што се воведени мерки што значително го менуваат начинот на кој луѓето го поминуваат времето на плажа. На посетителите им е забрането да се сончаат директно на крпи, па наместо тоа, дозволени се само специјално изработени основи од слама или бамбус. Казната за непочитување на ова правило изнесува 100 евра и истата може…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски започнал да го користи молдавскиот воздушен простор за своите летови кон Европа, пренесуваат украинските медиуми. Досега, Зеленски за своите меѓународни патувања најчесто го користеше полскиот аеродром „Жешов-Јасионка“, кој има клучна логистичка улога за Киев од почетокот на војната. Меѓутоа, неговото последно патување за Лондон било реализирано преку главниот град на Молдавија, Кишињев. Официјално објаснување за оваа ненадејна промена на рутата се уште не е соопштено од кабинетот на украинскиот претседател. Медиумите во Украина наведуваат дека ваквиот потег е директна последица на сериозното заострување на односите меѓу Украина и Полска. Несогласувањата се интензивираа откако Зеленски на една…

Повеќе

Првичните резултати од парламентарните избори во Косово покажуваат нова победа на движењето „Самоопределување“ на актуелниот премиер Албин Курти. Според првите пребројани гласови, партијата на Курти успеа да освои околу 42,3 проценти од гласовите на гласачите. На второто место, според изборните резултати, се најде Демократската партија на Косово со освоени околу 21,6 проценти, додека Демократската лига на Косово освои приближно 17,3 проценти од гласовите. И покрај убедливата победа на терен, овој изборен резултат сепак не му обезбедува на Курти доволен број пратеници за самостојно формирање на идната влада. Поради ова, во наредниот период во Приштина се очекуваат интензивни коалициски преговори. Инаку,…

Повеќе

Шест лица се повредени во напад со ладно оружје на железничката станица „Пен“ во Њујорк, соопштија денеска локалните власти. Градската противпожарна служба потврди дека вчера вечерта околу 19 часот добила дојава, дека непознато лице нападнало повеќе лица на главната меѓуградска железничка станица во центарот на градот. „Едно лице се здобило со тешки повреди, додека останатите се со лесни до умерени повреди. Петмина повредени се пренесени во болницата ‘Белвју’, а шестиот со полесна повреда во болницата ‘Корнел’“, соопшти противпожарната служба. Портпарол на железничката компанија „Амтрак“ изјави дека сите повредени се во стабилна состојба, додавајќи дека на местото на настанот е пронајден…

Повеќе

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди морското подрачје северно од островот Евија во близина на Атина рано наутро во понеделник, соопштија надлежните власти. Засега нема пријавени повредени лица или предизвикана материјална штета. Според податоците од Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија во Атина, земјотресот се случил во 5:13 часот наутро по локално време, со епицентар на 9 километри југозападно од Прокопи и на длабочина од 16,4 километри. Грчките сеизмолози појаснуваат дека овој потрес е директна последица на посилниот земјотрес со магнитуда од 5,2 степени по Рихтер кој се случи во неделата, а кој беше широко…

Повеќе

Бројот на жртвите во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот дел на Филипините се искачи на 15 загинати, соопшти филипинската Канцеларија за цивилна заштита. Директорот на локалната канцеларија за цивилна заштита, Родриго Сосмења, информираше дека дури 12 смртни случаи биле регистрирани во регионот Соцсксарген. Овој регион ги опфаќа провинциите Јужен Котабато, Султан Кударат и Сарангани, како и градот Генерал Сантос. Сосмења додаде дека во овој регион досега се евидентирани и најмалку 129 повредени лица. Спасувачките и службите за итни случаи во моментов се на терен, каде продолжуваат да ја проценуваат големината на…

Повеќе

Европската Унија ја разбира позицијата на Македонија за барање гаранции, но нема институционални механизми што можат таквите гаранции да ги гарантираат. Ова е само една од оценките, што политичкиот аналитичар Андреја Стојковски, во интервју за Прес 24 ги дава зарелациите Скопје-Брисел-Софија. Стојковски вели дека Македонија мора да го почене преговарачкиот процес и да биде убедлива во спроведувањето на реформите, бидејќи историјата на проширувањето покажува дека државите кои убедливо ги исполнувале критериумите многу потешко биле предмет на политички оспорувања. Или како што вели Стојковски: „Колку повеќе реформи испорачуваме, колку повеќе се приближуваме до европските стандарди и колку повеќе градиме доверба кај…

Повеќе

Познатиот политички аналитичар и поранешен македонски дипломат, Арсим Зеколи, почина рано утрово на 60-годишна возраст. Тажната вест за неговата ненадејна смрт ја сподели неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение објавено на социјалните мрежи. „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966–2026)“ Семејството информираше дека последното испраќање и погребот ќе се одржат во текот на денешниот ден, со почеток во 18:00 часот, на гробиштата во селото Блаце. Арсим Зеколи во пошироката јавност во Македонија и регионот беше препознатлив како истакнат…

Повеќе

Општина Гази Баба официјално го објави јавниот повик за доделување субвенции за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за 2026 година, со цел да се стимулира поеколошко затоплување на домовите. Граѓаните кои ќе ги исполнат условите можат да добијат надомест до 50% од вкупните трошоци за купување на уредот, но со утврден максимален лимит кој не може да надмине повеќе од 20.000 денари по домаќинство. Право на учество во овој повик имаат сите жители на Општина Гази Баба кои ќе набават инвертер во текот на 2026 година, под услов во домот да користат печка на дрва, јаглен, нафта или мазут…

Повеќе

Скопјани чии домови се загреваат на централно греење во наредните три месеци ќе добиваат значително пониски сметки за испорачаната топлинска енергија. Првата фактура од редовното годишно порамнување веќе е доставена до корисниците, а истото намалување ќе се повтори и во следните два месеци, при што износот за парно кај дел од граѓаните е речиси преполовен. Од АД ЕСМ потсетија дека изминатата грејна сезона започна порано од официјално утврдениот почеток, односно на 2 октомври 2025 година, а поради надворешните временски услови беше продолжена и по официјалниот завршеток на 15 април, односно до 2 мај 2026 година. Иако сезоната траеше подолго од…

Повеќе