Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Георгиевски: Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден
    • Груби за прв пат на суд како слободен човек – пречек како што доликува
    • Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“
    • Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари
    • „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните
    • Мицкоски: Без промоција на семејните вредности и многудетните семејства, македонската економија ќе биде прва на удар
    • Инцидент во болницата во Гостивар: Маж тешко повреден додека чекал лифт
    • Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Георгиевски: Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден

    (ФОТО) Георгиевски: Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден

    20.10.2026 во 13:201 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Илинден целосно го реконструираше мултинаменското спортско игралиште во населбата Илинден, сместено во рамките на подрачното основно училиште „Гоце Делчев“, со што е обезбеден соодветен и безбеден простор за спортување и рекреација.

    Во рамки на градежните зафати е поставена нова подлога од полипропиленски (ПП) плочки наменета за кошарка и фудбал, четири нови метални кошаркарски обрачи со мрежи, како и нова пластифицирана и заштитна јутена мрежа од коноп.

    Дополнително е извршена и целосна замена на заштитната ограда околу теренот, со цел да се овозможи поголема сигурност за корисниците и подобро унапредување на функционалноста на просторот.

    Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, по извршениот увид посочи дека игралиштето добило нов и функционален изглед.

    „Со целосната реконструкција, некогашниот спортски терен е трансформиран во модерен и уреден спортско-рекреативен простор, кој ќе им овозможи на учениците од ПООУ „Гоце Делчев“, како и на сите граѓани, квалитетни услови за спортување, физичка активност и активно поминување на слободното време“, истакна Георгиевски.

    Од локалната самоуправа соопштуваат дека продолжуваат со вложувањата во уредување и модернизација на јавните површини и спортската инфраструктура во општината.

    Прочитај повеќе

    Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ги објави резултатите од болните лица пред да се отворат кутиите, бараме одговорност

    19.10.2026 во 11:59

    Артилериска граната откриена кај новите гробишта во Битола

    16.10.2026 во 11:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.