Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31

    Од полноќ не чека ново но мало поскапување на дизелот

    19.10.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инспекторите повторно ги тресат зелените пазари
    • Ловци спасија мечка во близина на Нежилово: Животното успешно ослободено по координација на надлежните служби
    • Трајков се сретна со полскиот амбасадор: Фокус на разговорите – реформската агенда
    • Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ги објави резултатите од болните лица пред да се отворат кутиите, бараме одговорност
    • Ковачки: СДС, ДУИ и Левица заедно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ
    • Мицкоски: Убедливо победивме во Брвеница – ќе имаме уште 1.000 гласа плус во вториот круг
    • Трагедија во Грција: Глисер со мигранти се судри со крајбрежната стража, меѓу загинатите има и бебе
    • Мицкоски: Можно е да договориме 2 денари поевтин дизел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ги објави резултатите од болните лица пред да се отворат кутиите, бараме одговорност

    Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ги објави резултатите од болните лица пред да се отворат кутиите, бараме одговорност

    19.10.2026 во 11:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ излезе со остри обвинувања на сметка на ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека резултатите од гласањето на болните и изнемоштените лица во Брвеница биле објавени јавно уште пред да се отворат запечатените гласачки кутии. Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, на прес-конференција истакна дека станува збор за истите методи на манипулација од минатото и побара итна реакција од надлежните институции.

    Според наводите на СДСМ, на 17 октомври во Брвеница гласале 85 од пријавените 88 болни и немоќни лица, а веднаш по гласањето во саботата, партиски профили и медиуми блиски до власта ги објавиле точните бројки од гласањето пред официјалното отварање на кутиите на денот на изборите.

    „Како знаеле ден порано? Болните и немоќните гласаат дома, во присуство на комисија. Кутиите се затвораат и се отвораат на денот на изборите, заедно со гласовите од редовните избирачки места. Не се бројат и не се објавуваат претходниот ден, освен ако некој веќе знаел што има внатре“, истакна портпаролката на СДСМ Богднака Кузеска.

    Од опозициската партија оценуваат дека ова укажува на сериозни сомнежи за нелегална контрола врз изборниот процес и потсетуваат на практики од минатото, обвинувајќи ја актуелната партиска структура дека ги користи истите методи.

    Поради овие случувања, СДСМ побара од Основното јавно обвинителство веднаш да отвори итна истрага за да се утврди како е можно резултатите од запечатените кутии да бидат познати и објавени јавно пред нивното официјално броење, барајќи одговорност за сите инволвирани лица.

    Прочитај повеќе

    Артилериска граната откриена кај новите гробишта во Битола

    16.10.2026 во 11:48

    Драма во Нови Сад: Итна евакуација на основно училиште

    09.10.2026 во 11:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.