Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кривична за Јани Макрадули за 10 милиони денари
    • „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните
    • Мицкоски: Без промоција на семејните вредности и многудетните семејства, македонската економија ќе биде прва на удар
    • Инцидент во болницата во Гостивар: Маж тешко повреден додека чекал лифт
    • Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори
    • Цветаноски: Секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија
    • ССМ: За да преживее, на едно семејство му треба над 70.000 денари месечно
    • Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните

    „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните

    20.10.2026 во 12:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Здравствениот систем е засилен со 100 нови амбулантни возила кои треба да обезбедат побрза и попрецизна медицинска интервенција на терен, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски при промоцијата на новата опрема.

    Во своето обраќање, премиерот нагласи дека Владата постапно ги санира децениските задоцнувања и дефекти во повеќе државни сектори.

    „Многу работи се запоставени, многу работи се уништени, многу работи се украдени, но она коешто е задача на оваа Влада е тоа што е уништено, тоа што е запоставено, тоа што е украдено да го надомести. Има уште многу проблеми за решавање, не е сè решено со овие 100 возила, се разбира можеби е помалку или повеќе олеснета состојбата, но не е сè решено“, изјави Мицкоски.

    Тој направи преглед на досега набавените возила во јавниот сектор, најавувајќи и нов контингент за јавниот превоз.

    „Овие 27-28 месеци, покрај нови 120 нови возила, коишто Министерството за внатрешни работи ги обезбеди после децениска негрижа таму, после оние стотина возила коишто ги доби „Пошта“, после оние 53 возила коишто се користат веќе во општините за чистење, за чистење на сметта, дојде редот и на овие 100 возила амбулантни, а многу скоро од денеска ќе имаме и нови 150 електрични автобуси коишто исто така ќе бидат распределени низ градовите во Македонија“, рече премиерот.

    Во делот на крупните капитални инвестиции во здравството, Мицкоски соопшти дека се финализираат преговорите со Светска банка и Европската инвестициска банка за финансирање на повеќе клинички болници.

    „Очекувам според последната мисија на Светска банка и Европската инвестициска банка, одобрување и формално да имаме некаде кон крајот на првиот квартал од следната година за финансирање на овие проекти. И ако биде се како што треба, веднаш потоа да биде објавен и тендерот, и ако биде се како што треба, очекувам првиот проект од овие проекти да почне да се реализира некаде таму крајот на вториот, почетокот на третиот квартал од следната година“, изјави тој.

    Тој појасни дека конкретно за Клиничката болница во Штип се планира современа опрема.

    „Ние сме фокусирани при рестартирањето конкретно на проектот на клиничката болница во Штип за технологија којашто ќе биде апликативна во 2035-2040-тата година. Така што сето ова бара една правилна антиципација, работа со нашите стратешки партнери и ценам дека успеавме да дојдеме до некое решение коешто ќе значи додадена вредност во македонското здравство“, нагласи Мицкоски.

    За новиот Клинички центар во Скопје, премиерот откри дека се разгледуваат две локации во близина на болницата „8 Септември“, каде што во соработка со Општина Карпош ќе се обезбедуваат и нови паркинг места.

    „Битно е дека имаме 100 нови амбулантни возила, нешто што би рекол одамна не е направено за здравствениот систем во Македонија и се надевам за нови 50, Сашо нели за тоа што зборувавме, ако биде се како што треба, би требало уште нови 50 да добиеме, веќе следната година“, заклучи премиерот.

    „Нека ни е со среќа и аирлија нека е“, посочи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Без промоција на семејните вредности и многудетните семејства, македонската економија ќе биде прва на удар

    20.10.2026 во 12:22

    Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на 4 место на локални избори

    20.10.2026 во 12:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.