На едно четиричлено семејство во октомври му се потребни најмалку 70.358 денари за основните месечни трошоци, покажува новата Синдикална минимална кошница на ССМ, која за еден месец е зголемена за 926 денари.
Најголем трошок и натаму се храната и пијалаците со 26.170 денари, додека за семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри вкупните месечни трошоци се искачуваат на 85.733 денари.
Паралелно, Министерството за економија и труд неодамна објави и сопствена пресметка на потрошувачката кошничка, според која на четиричлено семејство во август му биле потребни 58.475 денари месечно. За истиот месец, синдикалната кошница изнесуваше 68.675 денари, што значи дека двете пресметки се разликуваа за 10.200 денари, а само кај храната и пијалаците разликата беше околу 3.900 денари.
Од Министерството објаснија дека разликата произлегува од различната методологија и производите и услугите што се пресметуваат, при што во нивната кошничка не се вклучени трошоците за кирија или станбен кредит.
- ССМ: За да преживее, на едно семејство му треба над 70.000 денари месечно
- Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини
- Есенска дератизација во Кисела Вода: Се уништуваат глодарите, опфатени над 2.000 шахти
- Нов закон за откуп на земјиштето под зграда
- Јаревски: Во ова немирно време македонскиот брод плови стабилно
- Рама за протестите во Тирана: Ова е хибридна војна
- Македонската полиција фати жена како „лета” со 142 км/ч каде што е дозволено 50 – Остана без Аудито
- Прво научи, па седни зад воланот: РСБСП со кампања за идните млади возачи

