Author: Author 04

угозападниот дел од земјата попладнево е погоден од бран на нестабилно време, проследен со интензивни атмосферски процеси во неколку градови и региони, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Најкритична е состојбата во охридскиот басен, каде веќе се регистрирани и појави на ситен град. „Југозападниот дел е зафатен од нестабилна облачна маса која е поизразена во Охридскиот регион каде има пороен дожд, грмежи и појава на суградица, а северозападно од Крушево и североисточно од Македонски Брод има пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица.“

Повеќе

Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за подобрување на здравствените услуги и постигнување подобри здравствени исходи за граѓаните, во согласност со приоритетите утврдени во Програмата на Владата во делот на здравството. Со поставување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во центарот на здравствените реформи, државава прави важен чекор кон градење…

Повеќе

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол и еден со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Три лица во Битола возеле без возачка дозвола, по две во Кочани и Скопје и по едно лице во Тетово, Демир Капија, Струга, Дебар и Прилеп. Едно лице во Делчево и едно лице во Велес управувале…

Повеќе

Дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, не биле опфатени во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), беше посочено на продолжението на судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека. Во судницата денеска беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на ДЗС, потпишани со името на Шабан Салиу, кој од 2012 до 2017 година ја извршуваше директорската функција во институцијата. Поранешниот директор Салиу бурно реагираше во судницата по увид во презентираните докази. Салиу реагираше дека дел од потписите на документите не се негови, иако на нив стои неговото име како…

Повеќе

Владата подготвува ново потрошувачко портфолио во соработка со дистрибутерот „ЕВН Хоум“ и државниот производител ЕСМ. Целта на овие активности, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски од Виница, е да се обезбеди просечна цена на струјата која би била за 5 до 10 отсто пониска од моменталната. Премиерот појасни дека во тек е анализа на индикаторите кои треба да овозможат распишување на огласот на крајот од годинава, со цел граѓаните да ги почувствуваат ефектите веќе во следната година. „Така што ние сега практично ги подготвуваме сите индикатори, за да можат тие на крајот од годината да го распишување на огласот…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде предупредување за развој на нестабилно време во неколку региони низ западна и југозападна Македонија. Според официјалните податоци од метеоролозите, во Дебарско-кичевскиот регион веќе е забележана дестабилизација на атмосферата. „Во Дебарско Кичевскиот регион има појава на поројни врнежи и грмежи.“ Паралелно со ова, нестабилна маса се движи и во околината на Преспанскиот регион, каде исто така се очекуваат локални врнежи. „Северно од Ресен има конвективна облачност од која се можни поинтензивни врнежи од дожд.“

Повеќе

Три лица лишени од слобода, вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 08.06.2026 во 01:15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.06.2026 околу 23:00 часот во домот физички ги нападнал неговата 37-годишна сопруга и нејзината мајка, при што употребил и тврд предмет, а се заканувал со остар предмет и кршел дел од покуќнината. Откако пристигнал братот на пријавителката, кој претходно го повикала заедно со нејзиниот татко, брат ѝ бил нападнат и каснат од куче домашен миленик на…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека Општина Чаир ги започнува постапките за реализација на значаен културен проект – трансформација на просторот над плоштадот „Скендербег“ во Албанска библиотека. Новата библиотека ќе биде современ простор наменет за ученици, студенти, истражувачи и сите граѓани, создавајќи нови можности за читање, учење, истражување и културен развој. „Ќе ја изградиме Албанската библиотека. Ја започнуваме постапката за трансформација на просторот над плоштадот ‘Скендербег’ во современа библиотека, отворена за учениците, студентите и сите граѓани. Таа ќе биде дом на знаењето и културата во срцето на Чаир“, изјави Меџити. Најавата беше дадена за време на прес-конференцијата по…

Повеќе

Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за З.Ј., сопственик на возилото со кое беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“. За оваа несреќа веќе е осуден неговиот син, пренесува 4news.mk. Против З.Ј. се водеше постапка за кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“. По анализа на доказите, судот оцени дека дејствијата за кои тој се товареше не ги содржат законските обележја на ова дело. Според образложението на Судот, сопственоста на возилото не е основа за кривична одговорност во ваков случај. „Имено, согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата…

Повеќе

Ноќеска во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги приведоа Џ.А.(46) и Б.Ј.(24), двајцата од Велес, затоа што во казино во Велес го нарушиле јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување. По преземени мерки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на Џ.А. му биле измерени 1,54 промили, а на Б.Ј. 1,47 промили алкохол во крвта. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе