- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Вториот ребаланс на буџетот за 2026 година е документ кој не претставува обично козметичко или техничко прилагодување, туку официјално признание за неспособност, паника во државната каса и нереално економско планирање од страна на оваа влада, нагласи пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Тренчевска посочи дека да се прави втор ребаланс во само неколку месеци е аларм кој покажува дека државниот брод плови без компас и е класично признание за системска нестабилност во фискалното планирање. „Ова е чист фискален пораз на хартија. Владата декларативно тврди дека ребалансот се прави поради продолжените глобални нарушувања на…
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека се преземаат редовни акции за темелно чистење на плоштадот „Македонија“ и Камениот мост, при што по години запоставеност повторно се оживува подната фонтана, која во моментов е пуштена во пробна работа. – Фонтаната во моментов е пуштена во пробна работа. Се вршат проверки, калибрирање и прецизно нагодување, за да работи правилно и повторно да биде еден од препознатливите симболи на градот – истакна Ѓорѓиевски. Тој испрати и порака во врска со заштитата на јавната површина од возила. – И тука јас ќе бидам јасен: просторот на подната фонтана никогаш повеќе нема да биде премин за…
Бране Петрушевски, пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет кажа дека Буџетот не е статичен документ и дека истиот мора да одговори на реалните околности особено кога економските услови и очекувањата за негово извршување се менуваат, додека како што вели Петрушевски: „Одговорното управување подразбира навремено приспособување на приходите и расходите, зачувување на приоритетите и редовно исполнување на обврските кон граѓаните“. Петрушевски кажа дека: „Со предложениот ребаланс, вкупните приходи на Буџетот се намалуваат од 379,5 на 374,2 милијарди денари, додека вкупните расходи се намалуваат од 425,8 на 420,5 милијарди денари, тоа е…
Едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и се наоѓа во Полициската станица Карпош, неофицијално дознава 4NEWS. Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за приведувањето, ниту информации за околностите под кои лицето било лишено од слобода и за основите на сомнежот, објави 4news.mk. Од надлежните институции се очекуваат повеќе детали во текот на денот за истрагата, како и појаснување дали е утврдена директна поврзаност помеѓу двата трагични случаи.
Синоќа во скопската населба Чаир се случил вооружен грабеж во продажен објект, соопшти Министерството за внатрешни работи. Разбојникот влегол во продавницата и со закана со огнено оружје успеал да ги одземе парите. – Синоќа во 21:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Чаир во Скопје, едно лице со закана од огнено оружје кон вработената го одзел дневниот промет, информираат од полицијата. Од МВР истакнуваат дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителот.
Поради планирани технички зафати и реконструкција на електродистрибутивната мрежа, утре (28 октомври) повеќе скопски општини ќе соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Без електрична енергија ќе останат следните корисници: Од Електродистрибуција информираат дека прекините се со цел изведување на планирани интервенции, чистење, проверка на опремата и реконструкција на мрежата.
Шест возачи се лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации во земјата поради кривично дело безобѕирно управување возило. Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите приведени лица управувале возило без положен возачки испит. -Г.Ѓ.(34) и 17-годишник од Скопје, Џ.Б.(23) од с.Грчец, Скопско, Ш.Х.(24) од с.Страчинци, Скопско, О.Ф.(22) од с.Врапчиште, Гостиварско, и Р.А.(18) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информира МВР во дневниот билтен.
Јавното обвинителство ги оцени како целосно неприфатливи предлозите на одбраната за сослушување на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, и неговиот син Михајло Јованов, во судскиот процес против деветмината полициски службеници обвинети за пропусти при проверките и издавањето согласности за угостителскиот објект. Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје посочи дека предложените сведоци немаат никаква допирна точка со суштината на обвинението. – За обвинителството ваквите предлози апсолутно беа неприфатливи, прво немаат допирна точка со она што е предмет на обвинение, ниту пак околностите коишто одбраната ги наведе како причина зошто се истите предложени како сведоци,…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските односи, коишто се одликуваат со редовен политички дијалог, заеднички стратешки цели и усогласени ставови за меѓународните прашања. Сиљановска-Давкова укажа дека добрососедството, јакнењето на регионалната соработка и иницијативите како процесот Брдо-Бриони, придонесуваат за поголема почит, разбраност и препознатливост на Западниот Балкан како кредибилен партнер на ЕУ. Претседателката ја реафирмираше поддршката за евроатлантските аспирации на Косово. Таа уште еднаш порача дека во пристапниот процес кон ЕУ, државите треба да бидат праведно евалуирани, врз основа на…
Владата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во Шенген зоната за транспортерите, Швајцарија прва ни подаде рака и ќе продолжиме да го решаваме ова прашање. Инвестициите во развој на транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 ги реализираме забрзано, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на “Форумот за глобална трговија и раст 2026” во организација на Швајцарската комора на Македонија. “ Извозот е приоритет, затоа што доколку се ограничиме само на она што е…
