Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната

    04.11.2026 во 21:25

    Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана

    04.11.2026 во 21:07

    Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл: „Пак би го направил истото“

    04.11.2026 во 20:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
    • Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
    • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл: „Пак би го направил истото“
    • Во движење запалено возило во Скопје
    • Скопјанец дивеел во автобус и на улица: Нападнал возач, патници и полицаец
    • Министерство за правда: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството
    • Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
    • Билјана Кириќ (17) е девојката пронајдена мртва во запалениот автомобил во Богданци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната

    Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната

    04.11.2026 во 21:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Скопје почна голема акција за засадување 3.500 нови садници, а до крајот на сезоната се предвидува вкупно да бидат засадени 6.000 дрвја низ градот, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

    -Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење – напиша Ѓорѓиевски.

    Тој информира дека со акцијата ќе бидат опфатени парковите, зелените површини долж булеварите, како и јавните простори низ целиот град.

    -Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани! – посочува скопскиот градоначалник.

    Ѓорѓиевски нагласува дека создавањето зелено и чисто Скопје останува еден од неговите приоритети.

    -Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре – вели тој.

    Во објавата додава дека целта е зад себе да останат повеќе дрвја, паркови и трајни дела за идните генерации.

    -Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат. Скопје се сака со дела! – порачува скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Делови од Скопје утре без струја – проверете колку часа ќе нема струја

    04.11.2026 во 15:36

    ФОТО: Гаши како жител на Гази Баба на средба со Стефковски – Во фокусот развојот на општината

    04.11.2026 во 10:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.