Close Menu
Press24
    Најново

    Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ

    04.11.2026 во 21:48

    Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија

    04.11.2026 во 21:44

    Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната

    04.11.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
    • Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
    • Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
    • Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
    • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл: „Пак би го направил истото“
    • Во движење запалено возило во Скопје
    • Скопјанец дивеел во автобус и на улица: Нападнал возач, патници и полицаец
    • Министерство за правда: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ

    Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ

    04.11.2026 во 21:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на работната посета на Берлин, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Петер Бајер, на која се разговараше за европската перспектива на Северна Македонија, најновите случувања во политиката на проширување на Европската Унија и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

    Во фокусот на разговорите беше постепената интеграција во единствениот европски пазар, како механизам што овозможува конкретни придобивки за граѓаните и компаниите паралелно со спроведувањето на реформите и напредувањето кон полноправно членство.

    Министерот Сали го истакна значењето на новиот пристап на Европската комисија за подготовка на поширока Европска Унија, нагласувајќи ја потребата процесот на проширување да биде подинамичен, попредвидлив и заснован на заслуги.

    „Европската интеграција не треба да започне дури на денот на пристапувањето. Нашите граѓани и компании треба да ги почувствуваат придобивките од приближувањето кон Европската Унија уште сега. Постепената интеграција е можност европската перспектива да ја претвориме во конкретни резултати, додека продолжуваме со реформите неопходни за полноправно членство“, истакна Сали.

    Како конкретен пример беше посочено вклучувањето на Северна Македонија во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), што овозможи намалување на трошоците за прекугранични трансакции и проценети заштеди од над пет милиони евра. Се разговараше и за напредокот во преговорите за роаминг со ЕУ, подобрувањето на регионалната поврзаност и олеснувањето на протокот на стоки.

    Внимание беше посветено и на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од Северна Македонија во контекст на правилата за престој во Шенген-зоната, како и на потребата од разгледување практични решенија што ќе го зачуваат функционирањето на синџирите на снабдување и економските врски со европскиот пазар.

    На средбата се разговараше и за спроведувањето на Реформската агенда во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, со акцент на владеењето на правото, јавната администрација, дигиталната трансформација и економската конкурентност.

    Министерот Сали ја потврди посветеноста на Северна Македонија на реформите и на праведен, кредибилен и објективно заснован процес на пристапување, нагласувајќи го значењето на дијалогот со Германија и нејзината улога во регионалната соработка и процесот на проширување на ЕУ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија

    04.11.2026 во 21:44

    Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната

    04.11.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.