Едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и се наоѓа во Полициската станица Карпош, неофицијално дознава 4NEWS.
Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за приведувањето, ниту информации за околностите под кои лицето било лишено од слобода и за основите на сомнежот, објави 4news.mk.
Од надлежните институции се очекуваат повеќе детали во текот на денот за истрагата, како и појаснување дали е утврдена директна поврзаност помеѓу двата трагични случаи.

