Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Жените денеска никако не смеат да направат една работа – Важно народно верување за Петковден

    27.10.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Обвинителството пресече: Неприфатливо е да сведочат сопственикот на „Пулс“ и неговиот син
    • Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание: Фокус на регионалната соработка и евроинтеграциите
    • Николоски: Македонија има најевтино гориво во цела Европа
    • Скопјанец обљубил малолетничка
    • Вознемирувачки случај во Велес: Ученичка со видливи повреди отишла на училиште
    • Подигнале станбен кредит, па ѝ ги зел сите пари – скопјанка останала без 1.558.300 денари
    • Скопјанка пријавила шокантно откритие во подрумот на починатиот татко – пронајдени бомби и муниција
    • Полицијата приведе малолетник од Радовиш – ја претепал мајка си
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинителството пресече: Неприфатливо е да сведочат сопственикот на „Пулс“ и неговиот син

    Обвинителството пресече: Неприфатливо е да сведочат сопственикот на „Пулс“ и неговиот син

    27.10.2026 во 14:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавното обвинителство ги оцени како целосно неприфатливи предлозите на одбраната за сослушување на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, и неговиот син Михајло Јованов, во судскиот процес против деветмината полициски службеници обвинети за пропусти при проверките и издавањето согласности за угостителскиот објект.

    Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје посочи дека предложените сведоци немаат никаква допирна точка со суштината на обвинението.

    – За обвинителството ваквите предлози апсолутно беа неприфатливи, прво немаат допирна точка со она што е предмет на обвинение, ниту пак околностите коишто одбраната ги наведе како причина зошто се истите предложени како сведоци, за обвинителството не беа прифатливи – изјави јавната обвинителка Спасенка Андонова по денешното рочиште.

    Во однос на тврдењата на одбраната дека со овие сведочења ќе се докаже оти Дејан Јованов не добивал плата неколку месеци, обвинителката појасни дека фокусот на обвинението е многу поширок.

    – Фокусот на обвинението не е само добивањето на плата на Дејан Јованов, туку цела низа на дејствија коишто биле преземени, односно недоволно преземени дејствија од страна на полициските службеници коишто довеле до непречено функционирање на правниот субјект, односно во тој временски период остварување на финансиски промет – изјави Андонова.

    Обвинителството се произнесе и за останатите предлог-докази: се согласи за сослушување на дел од предложените сведоци доколку нема писмен доказ, но одби предлози за економско-правно вештачење и технички наоди. Одбраната, пак, реагираше дека доказите се обезбедуваат селективно и побара отфрлање на сите наводи.

    Судскиот процес за деветмината полицајци обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување“, кои претходно изјавија дека не се чувствуваат виновни, продолжува на 5 ноември.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание: Фокус на регионалната соработка и евроинтеграциите

    27.10.2026 во 13:48

    Скопјанец обљубил малолетничка

    27.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.