Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

    04.11.2026 во 22:05

    Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ

    04.11.2026 во 21:48

    Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија

    04.11.2026 во 21:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
    • Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
    • Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
    • Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
    • Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
    • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл: „Пак би го направил истото“
    • Во движење запалено возило во Скопје
    • Скопјанец дивеел во автобус и на улица: Нападнал возач, патници и полицаец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

    Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

    04.11.2026 во 22:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска).

    Предмет на разговорот беа актуелните состојби во македонскиот евроинтегративен процес, предизвиците со коишто се соочува политиката на проширување на Европската Унија, како и можностите за надминување на долгогодишниот застој во пристапните преговори.

    Сиљановска-Давкова потсети на 21-годишниот кандидатски статус на државата и на нејзината континуирана посветеност на европската интеграција, поткрепена со значајни реформи.  

    Таа особено ја истакна целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како потврда на јасната геополитичка определба и доследната поддршка на европските позиции.

    Според неа, политичката волја за напредок не треба да се очекува само од земјите кандидатки, туку и од самата Унија, од која се потребни креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој, без доведување во прашање на македонскиот национален и културен идентитет.

    Соговорниците се согласија дека местото на македонската држава е во Европската Унија, каде што природно припаѓа, независно од предизвиците на патот.

    За дел од европратениците, искуството на нивните држави потврдува дека пристапниот процес може да биде долг и исполнет со тешки услови, а напредокот не секогаш да биде препознаен.

    Претседателката им се заблагодари за разбирањето и изрази уверување дека континуираниот дијалог и заедничкиот ангажман можат да придонесат за обновување на динамиката на проширувањето, како стратешка инвестиција во стабилноста, безбедноста и единството на Европа.

    Прочитај повеќе

    Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ

    04.11.2026 во 21:48

    Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија

    04.11.2026 во 21:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.