Close Menu
Press24
    Најново

    Русија или ЕУ: Србија мора да избере, порача Марта Кос

    28.10.2026 во 11:01

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:48

    Се судрија два брзи возови, најмалку 39 загинати – Трагедија ја потресе Шпанија

    28.10.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Русија или ЕУ: Србија мора да избере, порача Марта Кос
    • Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници
    • Се судрија два брзи возови, најмалку 39 загинати – Трагедија ја потресе Шпанија
    • Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете
    • Лоши вести: Цената на нафтата расте
    • Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок
    • Силна експлозија го потресе Белград: Испукало стаклото на прозорците, има сомнежи за фрлена бомба
    • Разлики во температурите низ земјава: УХМР со податоци од 10 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Русија или ЕУ: Србија мора да избере, порача Марта Кос

    Русија или ЕУ: Србија мора да избере, порача Марта Кос

    28.10.2026 во 11:012 Mins Read
    ФОТО: Фејсбук (Марта Кос)
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Србија нема да може да постигне напредок на својот европски пат доколку не воведе санкции кон Русија и не ја усогласи својата политика со Европската Унија, порача европската комесарка за проширување Марта Кос.

    Кос директно одговори на прашањето дали ќе биде можно Србија да стане членка на сојузот доколку не се приклучи кон казнетите мерки против Москва.

    Нема да биде можно земја која не се усогласува со нас по стратешките интереси, кои се, секако, надворешната и безбедносната политика, или заедничката борба против Русија, особено во контекст на руската војна во Украина, да напредува. Тоа ќе биде многу, многу тешко – рече Кос.

    Таа појасни дека Европската Унија сè уште ги чека чекорите на српските власти по однос на формирањето на новите институции.

    Значи, прво треба да формираат нова влада, а потоа ќе видиме како и дали ќе можеме да продолжиме во оваа област – изјави Кос.

    Еврокомесарката претходно оствари разговор со Илија Срдановиќ, првиот кандидат на Студентската листа, при што посочи дека Брисeл останува подготвен да ја поддржи новата српска влада на нејзиниот европски пат.

    Сепак, Кос истакна дека од Белград ќе се бараат конкретни резултати и посветеност на преземените обврски.

    Србија ќе мора да испорача повеќе. Ќе ја видиме сериозноста на нивната влада по изборите, ако не зборуваат само за желбата да бидат членка, туку всушност работат на тоа, особено во однос на стратешката координација и усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика – изјави Марта Кос за време на презентацијата на планот за проширување пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

    Таа додаде дека Србија во моментов не се наоѓа во групата на најнапредни земји кандидатски кои ќе добијат посебни мапи на патот во процесот на пристапување, каде што се позиционирани Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина.

    Прочитај повеќе

    Силна експлозија го потресе Белград: Испукало стаклото на прозорците, има сомнежи за фрлена бомба

    28.10.2026 во 10:33

    Прогласен црвен аларм на Балканот – Доаѓа катастрофално невреме

    28.10.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.