СВР Штип поднесе кривична пријава против В.М.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, на 23.09.2026 на улицата „Маршал Тито“ во Штип, пријавениот со употреба на физичка сила одзел паричник со лични документи и банкарска картичка од едно лице.
Подоцна, во продажен објект извршил една успешна транскација.

