Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави последните мерења на температурите на воздухот од мерните станици низ државата.
Според податоците од УХМР, Гевгелија денеска регистрираше највисока максимална температура од 17 степени, по што следат Струмица со 15,8 и Велес со 15 степени. Во Скопје, на мерната станица Скопје-Петровец беа измерени максимални 13 степени, додека на Зајчев Рид температурата достигнала до 12,1 степен.
Најстудено време е забележано на Попова Шапка, каде што е измерена и единствената негативна температура од -2,1 степен.
Како што соопштуваат од УХМР, во планинските и во дел од останатите региони се забележани и слаби врнежи од дожд. Најмногу врнежи се регистрирани во Крива Паланка (0,8 l/m²) и на Попова Шапка (0,5 l/m²), додека во Тетово се измерени 0,2 l/m².

