- Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
- Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
- Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
- Земјотрес ја погоди Србија
- Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
- Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
- Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
- Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
Author: Author 04
Ќе ја искорениме корупцијата, одговорност ќе има и ќе враќаат пари, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција. Филипче нагласи секој што го злоупотребил буџетот ќе понесе одговорност и ќе ги врати украдените пари, без разлика на која партија припаѓа. Тој нагласи дека корупцијата е една од причините поради кои Македонија останува на дното во Европа и дека мора да се воспостави систем во кој законите ќе важат за сите подеднакво. „Им ветивме на граѓаните дека се бориме, ќе се бориме и на крај ќе се избориме. Ќе ја искорениме корупцијата од земјава. Тоа е…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44), соопштија од МВР. „Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција,…
Православните верници утре го одбележуваат денот посветен на Преподобната мајка Параскева, во народот познат како Петковден. Света Петка била од словенско потекло, родена во градот Епиват. По смртта на нејзините родители, најголемиот дел од животот го минала во Јорданската пустина во пост и молитва. Се успокоила во 11-тиот век во родното место, а нејзините чудотворни мошти денес се наоѓаат во градот Јаши, Романија. Во црковната традиција се одбележуваат три личности со истото име: Света Петка Епиватска (Трновска), Света Петка Римјанка (8 август) и Света Петка од Иконија (10 ноември). Во македонската народна традиција Света Петка се почитува како заштитничка од…
Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста. Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини. Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите…
Дел од жителите во селото Горно Соње утре ќе останат без снабдување со електрична енергија поради планирани прекини во мрежата. Како што соопштуваат од Електродистрибуција, прекинот ќе опфати дел од месното население во Горно Соње, поточно во реонот околу црквата „Св. Никола“ во општина Сопиште. Прекинот е закажан за утре (27.10.2026 година) и ќе трае во периодот од 09:00 до 12:00 часот.
Професионалната администрација не се гради со декларации, туку со знаење, одговорност и конкретни резултати. Институциите не се вреднуваат според бројот на донесени документи, туку според квалитетот на нивната работа и услугите што ги добиваат граѓаните. Ова беше пораката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој денеска од Прилеп се обрати на вториот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 година. „Не е доволно да имаме закони и процедури ако немаме луѓе што знаат доследно да ги применуваат. Знаењето без примена останува потенцијал, професионалноста без одговорност е само декларација, а работата без резултати не ја исполнува својата цел. Нашата…
Седум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на повеќе локации низ државата поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“. Според соопштението од Министерството за внатрешни работи, четворица од нив управувале возило без положен возачки испит. Во оваа група се Скопјаните В.К. (24) и К.Е. (42), Б.О. (62) од Куманово и 18-годишниот А.Ј. од прилепското село Боротино. Под дејство на алкохол зад воланот седнале Г.З. (34) од село Косевица, општина Македонска Каменица, како и 41-годишниот М.В. од кумановското село Пчиња, кој имал и активна забрана за управување возило. Забрана за управување имал и Ф.В. (28) од Скопје,…
Општина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари.„Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа продолжуваме со мерки што им ги олеснуваат секојдневните трошоци“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.Право на финансиска поддршка од 5.000 денари имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и корисниците на право на социјална сигурност за стари лица,…
Утре (вторник) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Н.Е. г-ѓа. Албулена Хаџиу, соопштија од МВР. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста унгарскиот политичар Виктор Орбан да биде заеднички кандидат на САД, Русија и Кина за нов генерален секретар на Обединетите нации. Според информациите објавени во американскиот весник „Волстрит џурнал“, претставници на Белата куќа веќе контактирале со Орбан за да ја испитаат неговата заинтересираност за преземање на функцијата од актуелниот генерален секретар Антонио Гутереш, чиј мандат истекува на 31 декември годинава. Американски дипломати во разговорите со колегите од Москва и Пекинг ја изнеле идеата за поддршка на политичар со профилот на Орбан, при што извори од трите земји наведуваат дека Русија и Кина…
