Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Добри вести за пензионерите – ќе добијат 5.000 денари финансиска помош од општината
    • Утре подгответе се за гужви низ Скопје – доаѓа претседателката на косовското Собрание
    • „Волстрит џурнал“: Трамп разгледува кандидатура на Виктор Орбан за генерален секретар на ОН
    • Филипче: Вучиќ беше ментор на Мицкоски
    • Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерката за енергетика Сања Божиновска
    • Газда Деко предложен за сведок во судењето против деветтемина полицајци за „Пулс“
    • Млада скопјанка го пријавила сопругот во полиција: Ја натепал ќеркичката, па се заканил и на неа
    • Кривични пријави за двајца малолетници во Штип: Напаѓале врсници и ги снимале со телефон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Добри вести за пензионерите – ќе добијат 5.000 денари финансиска помош од општината

    Добри вести за пензионерите – ќе добијат 5.000 денари финансиска помош од општината

    26.10.2026 во 14:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари.

    „Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа продолжуваме со мерки што им ги олеснуваат секојдневните трошоци“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

    Право на финансиска поддршка од 5.000 денари имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и корисниците на право на социјална сигурност за стари лица, кои имаат постојано живеалиште во Општина Центар и чиј месечен износ на пензија, односно право на социјална сигурност, не надминува 28.050 денари.

    За аплицирање е потребно да се достават пополнето барање, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Пензионерите треба да приложат и доказ за примена пензија за јули или август 2026 година, односно пензиски чек или потврда од банката во која ја примаат пензијата. Корисниците на право на социјална сигурност за стари лица треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа – ЦСР Центар.

    Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Центар, во барака 6, или да се преземе од општинската веб-страница. Документацијата се поднесува секој работен ден, од 08:30 до 13:00 часот, во барака 6 – Сала на Советот на Општина Центар, исклучиво во писмена форма. Барањата доставени по електронски пат или по пошта нема да се разгледуваат.

    Повеќе информации на следниот линк:ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик од Општина Центар-Скопје | Општина Центар

    Прочитај повеќе

    Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки

    26.10.2026 во 13:26

    Поевтинуваат бензините од полноќ: Ова се новите цени на горивата

    26.10.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.