Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерството за здравство обезбеди сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1
    • Утре без струја дел од Горно Соње
    • Минчев: Институциите не се вреднуваат според бројот на донесени документи, туку според квалитетот на нивната работа
    • Седуммина возачи уапсени изминатото деноноќие, четири возеле без дозвола
    • Добри вести за пензионерите – ќе добијат 5.000 денари финансиска помош од општината
    • Утре подгответе се за гужви низ Скопје – доаѓа претседателката на косовското Собрание
    • „Волстрит џурнал“: Трамп разгледува кандидатура на Виктор Орбан за генерален секретар на ОН
    • Филипче: Вучиќ беше ментор на Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерството за здравство обезбеди сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1

    Министерството за здравство обезбеди сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1

    26.10.2026 во 15:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста.

    Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини.

    Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим.

    Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети.

    На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста.

    Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800.

    Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.

    Прочитај повеќе

    Утре без струја дел од Горно Соње

    26.10.2026 во 15:08

    Минчев: Институциите не се вреднуваат според бројот на донесени документи, туку според квалитетот на нивната работа

    26.10.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.