Author: Author 04

Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Дебрца за „злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во периодот од 2017 до 2025 година, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор не утврдил правни и физички лица кои се сопственици, корисници или носители на право на располагање со недвижен имот на територијата на општина Дебрца кои подлежат на обврска за плаќање данок на…

Повеќе

Лишен од слобода 26-годишен скопјанец, не застанал на знак за запирање, со мотоцикл удрил во мотоцикл на МВР и повредил полициски службеник, а по лишувањето кај не го е пронајдена дрога На 10.06.2026 во 18:50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(26) од Скопје. Претходно, околу 18:20 часот на бул.„Партизански одреди“ тој со мотоциклот кој го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, кои биле со мотоцикли, и продолжил со…

Повеќе

Времето утре променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Од УХМР за деновите од викнедот најавуваат стабилно, посвежо, особено наутро, а од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.

Повеќе

Оперативниот план за вработување за 2026 година предвидува вкупен опфат на над 10.000 лица и има за цел отворање нови работни места и намалување на стапката на невработеност во земјава. Ова денеска на прес-конференција го соопшти пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, потенцирајќи дека планот претставува значаен чекор за зајакнување на домашната економија. Панова истакна дека буџетот на овој оперативен план изнесува скоро 40 милиони евра, при што најголемиот дел од финансиите оди директно за поддршка при вработувањето. „Главен приоритет е отворањето нови работни места, при што предвидени се повеќе од 32 милиони евра коишто се директно…

Повеќе

Едногодишната казна затвор на осуденото лице С.Ј. стапува на извршување во текот на следниот месец, откако надлежниот судија го комплетираше упатниот акт.Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.

Повеќе

Спортската сала „Расадник“ во општина Кисела Вода од денеска е целосно обновена и подготвена повторно да ги прими спортистите и навивачите. Станува збор за проект кој, според надлежните, претставува враќање на еден од најголемите спортски симболи на Скопје и долгогодишен дом на ракометниот и кошаркарскиот клуб Вардар. За време на официјалното пуштање во употреба, беше посочено дека објектот со години бил запоставен и оставен во исклучително лоша состојба. „Кога бев градоначалник на Кисела Вода, ја затекнавме салата во состојба во која не смее да биде оставен ниту еден ваков спортски симбол. Руинирана. Демолирана. Небезбедна. Со долгови. Без живот. Без перспектива.…

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави: „Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ претставува еден од најдобрите во Европа, во овој момент. Колку и да сакаат поединци да ја извртуваат вистината или сатирично да го пренесуваат сето тоа. Но за нив имам лоша…

Повеќе

Размената на информации помеѓу Царинските управи на Западен Балкан и ЕУ пред да пристигне стоката на самите гранични премини ја зголемува довербата меѓу државите, што е клучно за олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста на нашите економии. Преку воспоставување на ваквиот концепт, или таканаречени „зелени ленти“ ја покажуваме нашата подготвеност за пристапување во единствениот пазар на ЕУ, особено во областа на дигитализацијата, менаџирањето со ризици и регионалната соработка. Ова го истакна директорот Бобан Николовски на третата конференција на високо ниво на генералните директори на Царинските управи од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ „Поврзување на пазарите, усогласување на…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на новата спортска сала „Расадник“ во општина Кисела Вода. Тој истакна дека со доаѓањето на летото се финишираат голем дел од започнатите проекти кои полека го добиваат заслужениот изглед. Мицкоски потенцираше дека овој спортски објект располага со сериозен капацитет и нуди врвни услови за спорт и рекреација на младите. „Еден од тие објекти е и оваа спортска сала, отприлика вака како што е конфигурирана е со капацитет од илјада гледачи. Гледате условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков објект, од овој карактер на ниво на цела држава.…

Повеќе

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во денеска објавениот извештај утврди бројни слабости и неправилности во системот за остварување, исплата и контрола на правата од социјална заштита во земјава. Ревизијата го опфаќа периодот од 2022 година до јуни 2025 година и покажува дека постапките не се усогласени со законите, а институциите немаат соодветна размена на податоци. Најсериозните пропусти се забележани во текот на 2024 година, кога стотици граѓани истовремено земале и пензија и социјална помош. „Поради слабости во системските контроли и размената/преземање на податоци по службена должност за 2024 година ревизорите утврдиле 235 корисници кои истовремено, стекнале, односно користеле и права…

Повеќе