Дваесет и петгодишниот Б.М. од Скопје вчера бил физички нападнат додека се наоѓал во своето патничко возило во населбата Карпош.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен во СВР Скопје вчера околу 12:20 часот.
Оштетениот пријавил дека настанот се случил истиот ден околу 08:40 часот на пешачки премин во Карпош.
Имено, непознато лице најпрво почнало агресивно да удира по неговото возило, а потоа и физички го нападнало момчето додека било внатре.
Од полицијата информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителот.

