Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик; соопштија од МВР.
„Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ф.К.(32) од с.Страхојадица, скопско, З.Ј.(18) и К.Б.(18), двајцата од Скопје и А.А.(37) од Кочани, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода. Под дејство на алкохол возел Г.Ј.(44) од с.Оризари, кочанско. Додека, С.П.(50) од Охрид управувал возило, иако имал изречена активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, стои во соопштението од МВР.
- МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
- Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
- Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
- Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
- Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
- Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
- МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
- А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

