- Почина легендарниот Мишо Ковач
- Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
Author: Author 04
Мобилната апликација „m.Uslugi“ забележа над 22.000 симнувања во првите 24 часа од нејзиното пуштање, информираше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Според неговите објави, корисниците веќе упатиле стотици коментари, како и десетици забелешки за нејзино подобрување, прашања и одговори. Андоновски упати благодарност до граѓаните за поддршката, нагласувајќи дека апликацијата е потполно бесплатна и не бара финансиски средства од државниот буџет. „m.Uslugi e бесплатна, државата не ја чини ни 1 денар. Наскоро интеграција на фотографија за употреба каде што е потребно, нови услуги, прифаќање во институции, компании..“, истакна Андоновски.
Владата ја усвои реформата со која се решава статусот на професионалните војници откако ќе навршат 45 години старост, информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски за време на собраниската седница за пратенички прашања. Појасни дека со новите законски можности, тие ќе можат да изберат дали ќе останат во Армијата, дали ќе преминат во друга државна институција или пак ќе заминат со отпремнина. Мисајловски истакна дека неговата порака како министер е дека на секој еден припадник на Армијата местото му е таму до остварувањето на правото на пензија. -На седница на Влада ја усвоивме оваа реформа, која многу години, децении, ја бараа…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска во Битола, на локација над старата касарна, откри и отстрани 1.700 рачни бомби и тромблонски мини кои потекнуваат од Првата светска војна. Станува збор за истата локација во близина на населено место каде што пролетоска исто така беше пронајден поголем арсенал од неексплодирани убојни средства. „Се отстранува голема опасност за куќите кои се наоѓаат на 200 метри воздушна линија од местото со бомби. Ископувањата продолжуваат понатаму, а се очекува да се пронајдат уште повеќе од 1.000 вакви бомби, но и други видови на неексплодирани убојни средства. Во акцијата освен пиротехничарот од Битола, Ѓорги…
Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре (петок, 30.10.2026 година) во 12:15 часот ќе присуствува на почетокот на изградбата на новата фаза од вакуумската канализација во населеното место Јурумлери, Општина Гази Баба. Настанот ќе се одржи на предвидената локација во населеното место, а по почетокот на градежните работи, премиерот Мицкоски е предвидено да даде изјава за медиумите.
Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски конкретни одговори за пропустите во контролата на државните граници, бегствата на лица од земјата, случајот со петте тони дрога и случаите во кои институциите не успеаја да обезбедат ефикасна контрола. Трајчулески посочи дека суверенитетот на државата не се брани со декларативен патриотизам и политички изјави, туку со функционални институции кои ги спроведуваат законите и обезбедуваат еднакви правила за сите граѓани, без привилегии и влијанија. „Суверенитетот на една држава не се брани само со изјави и повикување на патриотизам. Тој се остварува преку институции што…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. Сиљановска-Давкова ја акцентираше важноста на континуираната словачка поддршка на македонскиот пат кон Европската Унија, нагласувајќи дека пристапниот процес треба да биде кредибилен, предвидлив и заснован врз заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми. За неа, постепената интеграција и пристапот до единствениот европски пазар, европските фондови и заедничките програми, води кон приближување кон ЕУ, но не може да биде замена за полноправното членство. Таа изрази подготвеност за сестран дијалог со Република Бугарија,…
Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, постави три пратенички прашања од областа на енергетиката, здравството и одбраната. „Особено значајно е тоа што по цели 13 години повторно е ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје, инфраструктурен проект од исклучително значење за сигурно и континуирано снабдување со нафтени деривати и за зајакнување на енергетската безбедност на државата, во овој период се реализираат два значајни инфраструктурни проекти во енергетскиот сектор, тоа се изградбата на гасоводните интерконектори со Република Грција и Република Србија. Со оглед на значењето на овие капитални инвестиции, би сакал да ве прашам…
Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, соопшти УХМР. Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од УХМР најавуваа дека следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен…
Министерот Тимчо Муцунски оствари попладневна средба во Скопје со вицепремиерот и министер за европски и надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ, во година кога двете земји одбележуваат две децении дипломатски односи. На средбата беа потврдени високите пријателски врски, меѓусебната доверба и сојузништвото во рамките на НАТО, како и заедничката заложба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. Попладнево во Скопје остварив средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во година кога одбележуваме 20 години дипломатски односи меѓу двете земји. Го потврдивме високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО,…
Руските дизајнери развиваат необичен воен изум – специјален шлем со монтирано оружје наменет за соборување на беспилотни летала со сачма или мрежа, со цел да им помогне на војниците во одбраната од брзите дронови камикази на бојното поле. Според патентната документација, зад овој проект стојат руските дизајнери Јури Ладјагин и Јури Габлија, кои претходно работеле на електрични зашеметувачки пиштоли и системи за потиснување дронови. Оружјето може да се поставува на врвот или на страната на шлемот, додека за негово насочување се предвидени ласер, специјални нишани и електронски систем за контрола, а како можна дополнителна опрема се споменуваат и камери за…
