Close Menu
Press24
    Најново

    ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини

    29.10.2026 во 19:00

    Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација

    29.10.2026 во 18:44

    Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога

    29.10.2026 во 18:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • УХМР со најнова прогноза – доаѓа пресврт
    • Муцунски се сретна со Ивановиќ: Во фокусот евроинтеграциите, сојузништвото во НАТО и новата авиолинија
    • Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини

    ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини

    29.10.2026 во 19:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска во Битола, на локација над старата касарна, откри и отстрани 1.700 рачни бомби и тромблонски мини кои потекнуваат од Првата светска војна.

    Станува збор за истата локација во близина на населено место каде што пролетоска исто така беше пронајден поголем арсенал од неексплодирани убојни средства.

    „Се отстранува голема опасност за куќите кои се наоѓаат на 200 метри воздушна линија од местото со бомби. Ископувањата продолжуваат понатаму, а се очекува да се пронајдат уште повеќе од 1.000 вакви бомби, но и други видови на неексплодирани убојни средства. Во акцијата освен пиротехничарот од Битола, Ѓорги Стефанов, поради недостиг на стручни кадри во ДЗС му помагаат и тројца пензионирани припадници од МВР. Двајцата од нив се поранешни припадници на специјалната единица „Тигри“ и еден пензиониран припадник од Отсекот за антитероризам при МВР, тројцата ангажирани со договор на дело“, истакна Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

    Ангелов упати и апел до граѓаните, доколку наидат на предмети кои наликуваат на бомба, граната или било каков проектил, веднаш да се јават на телефонскиот број 112 за стручните екипи да можат безбедно да го подигнат убојното средство.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација

    29.10.2026 во 18:44

    Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога

    29.10.2026 во 18:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.