Close Menu
Press24
    Најново

    Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога

    29.10.2026 во 18:41

    Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство

    29.10.2026 во 18:38

    Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема

    29.10.2026 во 18:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • УХМР со најнова прогноза – доаѓа пресврт
    • Муцунски се сретна со Ивановиќ: Во фокусот евроинтеграциите, сојузништвото во НАТО и новата авиолинија
    • Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм
    • Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција
    • Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога

    Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога

    29.10.2026 во 18:413 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски конкретни одговори за пропустите во контролата на државните граници, бегствата на лица од земјата, случајот со петте тони дрога  и случаите во кои институциите не успеаја да обезбедат ефикасна контрола.

    Трајчулески посочи дека суверенитетот на државата не се брани со декларативен патриотизам и политички изјави, туку со функционални институции кои ги спроведуваат законите и обезбедуваат еднакви правила за сите граѓани, без привилегии и влијанија.

    „Суверенитетот на една држава не се брани само со изјави и повикување на патриотизам. Тој се остварува преку институции што ги спроведуваат законите, ги обезбедуваат границите и гарантираат дека политичката моќ, врските и влијанието не може да бидат пропусница за избегнување на правдата“, рече Трајчулески.

    Трајчулески побара од Мицкоски да одговори како Владата може да гарантира ефективно остварување на суверенитетот кога се повторуваат случаи на бегства, неевидентирани преминувања и поминување возила преку државната граница без соодветна контрола.

    Како примери ги посочи случаите со Артан Груби, Прпарим Бајрами и Блерим Рамадани, кои како што кажа отвораат сериозни прашања за ефикасноста на институциите и контролата на границите. Трајчулески го посочи и случајот со патувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, на свадба во Косово. 

    Дополнително, Трајчулески го отвори и прашањето за случајот со Ива Михајлова, посочувајќи дека Министерството за внатрешни работи соопштило оти нема евидентиран нејзин излез од Македонија, ниту легален влез во Бугарија, иако во јавноста беше објавено дека се наоѓа таму.

    Тој предупреди дека дополнителна загриженост предизвикува и случајот со петте тони дрога запленети во соседна Србија, откако дрогата непречено ја помина македонската граница.

    „Овие случаи имаат различни околности, но отвораат заедничко прашање, дали институциите ефективно ги контролираат границите и дали правилата важат еднакво за сите? Порозноста на границите и селективното спроведување на контролите го поткопуваат остварувањето на суверенитетот. Тие го уриваат и угледот на државата, создавајќи слика за држава во која институциите можат да бидат заобиколени, а законските процедури да зависат од нечии влијанија“, рече Трајчулески.

    Трајчулески побара од Мицкоски конкретно да одговори како Владата ќе обезбеди ефикасна контрола на државните граници и со кои резултати може да докаже дека институциите имаат капацитет да го заштитат суверенитетот и угледот на Македонија. Тој нагласи дека граѓаните заслужуваат конкретни одговори и резултати, а не политички уверувања, особено кога станува збор за безбедноста на државата и спроведувањето на законите.

    „Како гарантирате ефективна контрола врз државните граници по случаите со Груби, Прпарим Бајрами, Блерим Рамадани, Ива Михајлова и пропуштањето возила без контрола при патувањето на Африм Гаши? Со кои конкретни резултати, а не со уверувања можете да докажете дека вашата Влада го има потребниот капацитет да ги заштити границите, а со тоа и суверенитетот и угледот на Македонија“, рече Трајчулески.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство

    29.10.2026 во 18:38

    Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема

    29.10.2026 во 18:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.