Author: Author 04

Од рано утринава воведен е прекин на сообраќајот на патниот правец Удово – Валандово. Како што информираат надлежните служби, причина за забраната која стапи на сила во 05:25 часот е излевање на Калковска Река. Додека трае прекинот, сообраќајот се пренасочува преку селото Марвинци кон Валандово. Дополнителни проблеми за возачите претставува и појавата на магла. „Магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека поради што видливоста е намалена до 100 метри“, соопштија од АМСМ. На останатите патни правци низ државата се вози во зимски услови. На одредени повисоки места има остатоци од кашест снег, па се препорачува зголемена внимателност. На…

Повеќе

Жителите од две скопски општини денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите од ЕВН Македонија, станува збор за планирани интервенции во мрежата. Во општина Аеродром, без електрична енергија од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ бр. 30. Во истиот временски интервал, односно од 09:00 до 11:00 часот, струја ќе нема и на улицата „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари.

Повеќе

Македонија денес и утре ќе биде под влијание на променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според синоптичарите, во текот на денешниот ден постојат услови за локални послаби врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините се очекуваат слаби врнежи од снег. Утринските температури денеска на повеќе места низ земјава се спуштија неколку степени под нулата. Дневниот максимум ќе се движи во интервал од 3 до 11 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно. Денешната температура во главниот град ќе достигне до 6 степени, додека утре се очекува пораст до…

Повеќе

Четириесет и седумгодишна жена од Бар е уапсена под сомнение за разбојништво, откако на крајно необичен и агресивен начин се обидела да измами и ограби продавница. Осомничената Џ.Х. влегла во објектот маскирана со перика, обидувајќи се да плати цигари со фалсификувана банкнота од 50 евра. Драмата започнала кога вработената ја открила измамата, по што жената извадила скалпел и почнала да замавнува кон неа. „Со намера да ги задржи украдените предмети и кусурот, таа мавтала со сечилото кон вработената, при што оштетила дел од нејзината облека“, соопштија од полицијата во Бар. Полицијата брзо ја лоцирала осомничената во населбата Бјелиши, каде кај…

Повеќе

Мајка пронајдена мртва во корпа за отпадоци, соседите ги виделе синовите како се тепаат: Еден уапсенМајка од Оклахома е убиена, нејзиното тело е фрлено во корпа за отпадоци во нејзиниот дом во предградието, а нејзиниот посвоен син е уапсен за убиство. Спринг Вимс, 47, е убиена во среда, според полицајците кои го пронашле нејзиното тело откако отишле во нејзиниот дом во Едмонд, каде што соседите пријавиле дека двајца тинејџери се тепале со оружје. Кога полицајците пристигнале, едното од момчињата го обвинило другото дека ја убил нивната мајка и ја фрлило во корпа за отпадоци, а кога полицајците провериле, ја пронашле…

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д. (27), Н.Ј. (26), М.С. (21) и Х.П. (19), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.10.2025 пред угостителски објект во Куманово, пријавените физички нападнале вработен од обезбедувањето, откако претходно оштетиле дел од инвентарот во објектот.

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги потпиша указите за сетот закони од судството, игнорирајќи ги жестоките критики од Европската комисија. Иако Брисел ги оквалификува овие промени како „директно поткопување на независноста на судството“, законите веќе стапија во сила. Европската комесарка за проширување, Марта Кос, упати остра порака до Белград, нагласувајќи дека ваквиот потег е спротивен на европските вредности. „Очекуваме земја кандидат да се однесува на европски начин. Ова е сериозен чекор назад, бидејќи измените беа усвоени на брз и нетранспарентен начин, без никакви консултации“, изјави комесарката Кос. Комисијата побара од Србија во најкраток рок да ги ревидира законите и да…

Повеќе

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска на работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, изрази искрена благодарност за континуираната и силна поддршка на Германија во спроведувањето на Зелената агенда на Западен Балкан. Министерот Хоџа истакна дека, во време на сериозни глобални предизвици, особено енергетската криза и климатските промени, оваа поддршка е клучен столб за заштита на ранливите категории на население, стабилизација на енергетскиот сектор и забрзување на транзицијата кон модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем, во корист на граѓаните на Западен Балкан и Европа. Министерот Хоџа истакна дека ги поздравува напорите на Германија…

Повеќе

Гигантот од Кавадарци, „Golden Eagle“ (поранешно ФЕНИ), повторно ги отвора вратите за работниците. Како што соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, рестартирањето на фабриката ќе се одвива во две фази, со што се решава егзистенцијата на стотици семејства во регионот. Според планот, во првата фаза на работа ќе се вратат 170 работници, додека во втората фаза ќе бидат вклучени дополнителни 500 лица. „Во април е планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе бидат ставени во функција. Оваа фабрика повторно се активира за доброто на граѓаните и локалниот економски развој“, истакна Јанчев. Градоначалникот упати благодарност за успешната…

Повеќе

Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието го поднесе предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата. Од СДСМ велат дека во согласност со потребите на работниците и барањата на синдикатите, со измените вистината на минималната плата се одредува на 36.960 денари, односно 600 евра. Во образложението се наведува дека во текот на 2025 година е евидентиран континуиран пораст на инфлацијата, при што индексот на трошоците на живот бележи значително зголемување. Особено кај основните прехранбени производи, енергентите, комуналните услуги и здравствените трошоци, кои имаат директно и најсилно влијание врз месечните трошоци на домаќинствата. – Поскапувањата кај храната и…

Повеќе