Close Menu
Press24
    Најново

    17 лица уапсени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило

    07.11.2026 во 14:52

    Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја

    07.11.2026 во 14:44

    Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард

    07.11.2026 во 14:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 17 лица уапсени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило
    • Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
    • Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
    • Го признал делото во полиција: Лице од Радовиш се заканувало на странски јазик во амбасада во земјава
    • Папата Лав ја пофали демократијата во Уругвај на почетокот од турнејата низ Јужна Америка
    • Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани
    • ВМРО-ДПМНЕ Центар: Градоначалникот Герасимовски го допре дното со манипулации околу наградите „Феникс“
    • Кузеска: Мицкоски призна дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка – толку од независноста на НБМ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 17 лица уапсени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило

    17 лица уапсени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило

    07.11.2026 во 14:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица, додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

    Министерството за внатрешни работи информира дека десет лица управувале возило без положен возачки испит – Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од Гостивар, Д.Л.(34) од Прилеп и Е.В.(53) од Струга.

    -Во Виница, 14-годишен малолетник, пред да се стекне со право на управување со моторно возило, изгубил контрола над мопедот и паднал. Исто така, службен разговор бил извршен со Е.Е.(19) од Велес, кој учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл без регистарски ознаки и две други возила, а претходно не се стекнал со право на управување со моторно возило. Пет лица управувале возило под дејство на алкохол. Кај К.К. биле измерени 3,35 промили алкохол во крвта, кај И.А.(52) од Куманово 2,17 промили, кај Н.Ѓ.(33) од Куманово 1,55 промили, кај С.Ј.(34) од Битола 1,60 промили, а кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили алкохол во крвта – посочуваат од Министерството.

    МВР соопшти дека две лица управувале возило и покрај активна забрана за управување со моторно возило.

    -Станува збор за А.Ш.(39) од село Обедник, Демирхисарско, и Р.Л.(55) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода управувајќи патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки. Г.Р.(53) од село Мусинци, општина Могила, управувал возило без положен возачки испит и под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта – велат од Министертсвото.

    Најавуваат дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

    МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на активна забрана за управување.

    -Особено апелираме до родителите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да се стекнат со законско право за тоа. Одговорното однесување во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди и заштита на човечките животи – се вели во апелот на Министерството за внатрешни работи. 

    Прочитај повеќе

    Го признал делото во полиција: Лице од Радовиш се заканувало на странски јазик во амбасада во земјава

    07.11.2026 во 14:06

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07.11.2026 во 13:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.