Close Menu
Press24
    Најново

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07.11.2026 во 13:17

    ВМРО-ДПМНЕ Центар: Градоначалникот Герасимовски го допре дното со манипулации околу наградите „Феникс“

    07.11.2026 во 12:56

    Кузеска: Мицкоски призна дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка – толку од независноста на НБМ

    07.11.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани
    • ВМРО-ДПМНЕ Центар: Градоначалникот Герасимовски го допре дното со манипулации околу наградите „Феникс“
    • Кузеска: Мицкоски призна дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка – толку од независноста на НБМ
    • Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата
    • Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата
    • Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов
    • ЕК нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ
    • СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар“ – паѓа и Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07.11.2026 во 13:171 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    07 Ное 2026by

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата.

    Постои основано сомнение дека осомничената, раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци, подолг временски период преземала дејствија на измами и злоупотреби на парични средства на штедачите. Таа реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и не ги евидентирала прописно нивните депозити, прибавувајќи така противправна имотна корист.

    Со цел обезбедување докази, врз основа на наредба обезбедена од Судот по барање на јавниот обвинител вчера беа извршени повеќе претреси и беше одземена документација и други предмети.

    Откако дејствијата на осомничената биле откриени, штедилницата го прекинала нејзиниот работен однос.

    Поради ризикот од бегство, јавниот обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска за осомничената да се јавува во судот.

    Јавното обвинителство продолжува да презема дејствија за целосно испитување на настанот.

    Прочитај повеќе

    Возел и покрај активната забрана за управување, приведен 45-годишен жител на Калишта

    06.11.2026 во 23:05

    За седум часа, санкционирани 43 возачи на камиони во Скопје

    06.11.2026 во 18:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.