Close Menu
Press24
    Најново

    ЕК нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ

    07.11.2026 во 11:41

    СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар“ – паѓа и Мицкоски

    07.11.2026 во 11:31

    Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

    07.11.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЕК нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ
    • СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар“ – паѓа и Мицкоски
    • Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет
    • Во Берото утрово најстудено – измерени минусни температури
    • Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај
    • Облачно со сончеви периоди и северен ветер
    • Митровденска задушница – спомен за починатите
    • Трамп го именуваше Стивен Милер за нов шеф на кабинетот во Белата куќа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕК нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ

    ЕК нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ

    07.11.2026 во 11:412 Mins Read
    Царинска управа
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на државата нотира добро ниво на подготвеност во реформските процеси што ги презема Царинската управа во Поглавјето 29 –  Царина унија, со цел забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на Европската унија. Зголемените приходи, воспоставување на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот, зајакнување на капацитетите на Секторот за контрола и истраги, надградбата на ИТ системите и усогласеноста на царинското законодавство, се дел од областите каде е забележан напредок.

    „Вкупните приходи наплатени од Царинската управа во 2025 година беа за 5,2 проценти повисоки во споредба со 2024 година, надминувајќи 2,1 милијарди евра“, нотира ЕК во последниот извештај.

    Во делот на оперативни и административни капацитети, од Комисијата го истакнуваат воспоставувањето на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот како и новиот систем за управување со ризик и податочен склад. Во оваа насока потенцирано е учеството во меѓународни операции и размената на разузнавачки информации. Контролите, се засноваат на анализа на ризик поткрепена со разузнавачки информации, информации добиени пред пристигнување на стоката и техники на селективност.

    Воедно, со финансиска поддршка на ЕУ со цел зајакнување на борбата против организираниот криминал, нотирано е дека капацитетите на Секторот за контрола и истраги се значително зајакнати со нови возила и заштитна опрема, како и ИТ опрема за сервер салата со што се подобрува ИТ безбедноста на царинските операции. Во делот на борбата против корупција Комисијата наведува дека продолжува спроведувањето на Стратегијата за интегритет и борба против корупција за периодот 2024-2027 година.

    Во делот на дигитализацијата се потенцира дека е обезбедено одржување и понатамошен развој на системот за Интегрирана тарофна околина, како и започнување на пилот фаза на системите за регистрација и идентификација на економските оператори и за унифицирано управување со корисниците и дигитален потпис.

    Царинското законодавство е со висок степен на усогласеност со правото на ЕУ, при што Царинската тарифа во 2026 година е донесена и усогласена со Комбинираната номенклатура на ЕУ.

    Во областа на добрососедски односи и регионална соработка нотирано е ратификувањето на Протоколите 5 и 6 со кои се воспоставува рамка за олеснување на трговијата преку царинска соработка и либерализација на трговијата со услуги.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар“ – паѓа и Мицкоски

    07.11.2026 во 11:31

    Во Берото утрово најстудено – измерени минусни температури

    07.11.2026 во 11:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.