Close Menu
Press24
    Најново

    Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

    07.11.2026 во 22:16

    Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец

    07.11.2026 во 15:49

    ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња

    07.11.2026 во 15:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен
    • Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
    • ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
    • Сали: Исполнувањето на Реформската агенда е вложување во довербата на граѓаните и во нашата европска иднина
    • 17 лица уапсени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило
    • Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
    • Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
    • Го признал делото во полиција: Лице од Радовиш се заканувало на странски јазик во амбасада во земјава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

    Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

    07.11.2026 во 22:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички.

    Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки.

    Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.

    Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе започнат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

    Народната банка продолжува со преземање активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со приоритет да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и уредно опслужување на сите клиенти.

    Прочитај повеќе

    Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец

    07.11.2026 во 15:49

    Сали: Исполнувањето на Реформската агенда е вложување во довербата на граѓаните и во нашата европска иднина

    07.11.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.