Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Симов: Да си против дата-центри е како да си против хидроцентрали
    • Македонски пазар на труд: 90 илјади без работа, 101 илјада работат на црно
    • Познаници барале интимни фотографии од секое десетто дете во Македонија
    • Русите открија што барал директорот на ЦИА во Москва
    • Во Брвеница ќе се избира градоначалник за 350.000 евра
    • Драма во Велес: Момче насила ја качило поранешната девојка во автомобил, полицијата го уапси
    • Мицкоски утре ќе го означи стартот на гасоводното поврзување со Србија
    • Пресврт во политиката на Будимпешта: Унгарија ја прогласи Русија за закана во ОН
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Урагански ветер и град во Словенија: Над 400 противпожарни интервенции, поплавени училишта и куќи

    Урагански ветер и град во Словенија: Над 400 противпожарни интервенции, поплавени училишта и куќи

    11.06.2026 во 11:031 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Словенија синоќа беше погодена од силен бран на невреме со урагански ветер и силен град, што предизвика колапс во електроенергетската мрежа и поплави во повеќе региони низ земјата.

    Центарот за известување при Управата за заштита и спасување на Република Словенија соопшти дека се извршени повеќе од 400 спасувачки интервенции, со учество на дури 161 пожарникарска единица на критичните точки.

    Најкритично било во главниот град Љубљана со 152 пријавени случаи на штети, во Крањ каде се регистрирани 102 интервенции, како и во Целје со 39 спасувачки акции.

    Најзасегнати подрачја се општините Коменда и Церкље во Горенскиот регион. Снимки од значајни штети предизвикани во селото Клањец објави и министерот за земјоделство, Јанез Циглер Крал.

    Утринава пошироката околина на Љубљана и понатаму е без напојување со електрична енергија, а пријавени се и сериозни штети на јавни објекти каде водата навлегла во училишни и спортски сали.

    Во Горењскиот регион ветерот ги однел покривите на неколку згради, а противпожарните екипи во моментов работат на расчистување на патиштата од паднати дрвја и испумпување на водата со цел да се спречат дополнителни материјални загуби за граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Русите открија што барал директорот на ЦИА во Москва

    26.08.2026 во 17:51

    Пресврт во политиката на Будимпешта: Унгарија ја прогласи Русија за закана во ОН

    26.08.2026 во 16:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.