Author: Author 04

Јавното сообраќајно претпријатие-СКОПЈЕ, Ве потсетува, дека согласно Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници на територијата на град Скопје од 2015 год. (Член 10, алинеа 1) – билетите за бесплатно користење на јавен превоз, месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот- НЕ ВАЖАТ за користење на ноќни линии. Воедно, ЈСП информира дека почнувајќи од 31.01.26 (сабота на полноќ) / 01.02.26 (недела), нема да биде во функција плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака за користење на ноќните линии. Користењето…

Повеќе

На самиот ден на стапување во сила на законскиот пакет „Safe City“, Алијансата за Албанците (крилото на Таравари) поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на овие решенија. Партијата смета дека законите се дискриминаторски бидејќи не се применуваат подеднакво на целата територија на државата. Адвокатот Абидин Абдули, ангажиран од партијата, истакна дека целта е секој закон да важи за сите граѓани во секој дел од Република Северна Македонија. „Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Safe City’ ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме со цел…

Повеќе

Европската комисија закажа итен состанок за следната недела со министрите од шесте земји од Западен Балкан, со цел да се најде решение за проблемите на транспортните оператори кои деновиве ги блокираа границите кон ЕУ. Портпаролот на ЕК, Маркус Ламерт, денеска потврди дека Брисел бара „прагматични решенија“ за возачите на камиони. Според Ламерт, Комисијата веќе размислува за воведување на ново законодавство кое би овозможило специфични правила за престој на одредени професии, како што се превозниците, спортистите и уметниците. „Свесни сме за загриженоста на операторите од Западен Балкан и внимателно ја следиме ситуацијата. Ќе се разгледа воведување ново законодавство со специфичен сет…

Повеќе

Вчера во 05:00 часот во с.Љубин, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.У.С.(23), О.Т.С.(19), О.Т.(18) и У.А.Е.(18), сите од Р. Турција. Кај О.Т. се пронајдени и одземени кокаин и марихуана, кај У.А.Е. се пронајдени и одземени метален боксирач и нож, а заедно со Ј.У.С. и О.Т.С. се обиделе да избегаат со патничко возило кога ги виделе полициските службеници, но биле спречени во намерата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Повеќе

Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријави дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н., кој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Повеќе

Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера околу 12:00 часот во СВР Скопје, К.Н.(23) од Скопје пријави дека околу 05:00 часот во с.Сарај, скопско, на подот во соба од куќа, сопственост на неговата баба Ј.Д.(68), пронашол зрно од огнено оружје, кое претходно оштетило прозорец и ѕид. Нема повредени лица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе

Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје, Ф.А.(28) од Куманово пријави дека околу 14:00 часот пред продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, едно лице физички го нападнало, а двајца му се заканиле со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, 58-годишна жена пријави дека околу 00:10 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар со тврд предмет била нападната од нејзината 19-годишна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Доколку поседувате возило чија регистрација е одамна истечена, а планирате да го однесете на технички преглед, АМСМ предупредува дека самостојното управување со такво возило низ улиците е сериозен ризик. Покрај безбедносниот аспект, возачите се изложени на висок ризик од високи парични казни преку системот „Safe City“. Единствениот безбеден и законски начин да го транспортирате вашето нерегистрирано возило до станицата за технички преглед е преку професионална шлеп служба. За оваа услуга, возачите можат да се обратат на краткиот број 196 или да побараат помош онлајн преку мобилната апликација на АМСМ.

Повеќе