Author: Author 04

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин. Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и можности повторно да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул. На состанокот е предвидено учество на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан. Балканската платформа за мир е иницијатива покрената од министерот Фидан во 2025 година, со цел да придонесе за регионалниот мир, стабилност и благосостојба, преку заеднички пристап во изнаоѓање регионални решенија за регионалните прашања. Првиот министерски состанок во рамки на оваа иницијатива се одржа во јули минатата…

Повеќе

Министерството за здравство тргнува во војна против пушењето со нов, ригорозен предлог-закон. Како што соопштија од ресорот на министерот Азир Алиу, се подготвува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорства од страна на тутунската индустрија, која ќе ги опфати и социјалните мрежи. Што предвидуваат новите законски решенија? „Заштитата на децата е апсолутен приоритет. Јавното здравје има предност пред комерцијалниот интерес“, дециден е министерот Алиу.

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска во просториите на Здружението на пензионери на Општина Центар присуствуваше на одбележувањето на 72 години од постоењето на организацијата. Пензионерите му врачија благодарница на градоначалникот за одличната соработка и партнерскиот однос со Општина Центар. „Чест е да се добие вакво признание токму од првото здружение на пензионери формирано во Македонија. Навистина соработката е одлична. Годинава ни претстојат заеднички активности со здружението на пензионери на Општина Центар, меѓу кои: „Носталгија за корзо-сеќавање на едно убаво време“, екскурзии низ Македонија, едукативно-креативни работилници за домаќинство, Пензионерски спортски игри, а во план е и изградба на Дом…

Повеќе

Во текот на третата недела од 2026 година – од 12 до 18 јануари, во државава биле пријавени 2.062 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со третата недела од минатата сезона е зголемен за 46,0 отсто, а во споредба со бројот за третата недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 15 сезони, намален е за 6,9 проценти. Во текот на третата недела, пријавената инциденца е над неделната граница за средна активност, информираат денеска од Институтот за јавно…

Повеќе

Граѓаните веќе немаат потреба да одат на шалтерите на Управата за водење матични книги. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска соопшти дека изводите од матичните книги на родени, венчани и умрени, како и потврдата за слободна брачна состојба, се целосно дигитализирани и достапни на порталот uslugi.gov.mk. „Од денеска, овие документи се целосно мигрирани на националниот портал. Со неколку клика граѓаните можат да ги добијат услугите, што ќе значи поголема ефикасност и крај на доцнењата,“ изјави Андоновски. Покрај матичните изводи, воведени се и четири нови услуги од ФЗО. Физичките лица отсега електронски можат да извадат:

Повеќе

Здравствените работници во јавното здравство во март годинава ќе добијат ново зголемување на платите, потврди денеска директорот на ФЗО, Сашко Клековски. Овојпат, зголемувањето нема да биде линеарно, туку процентуално, со цел соодветно да се вреднува трудот на лекарите. „Во секторот здравство платите кумулативно веќе се зголемија за 17 отсто, а кај матичните доктори капитацијата порасна за историски 33 проценти. Во март следува нов раст. Овојпат фокусот ќе биде на лекарите, бидејќи со претходните линеарни зголемувања се намали разликата меѓу нив и помошниот кадар“, појасни Клековски. Според него, платите на медицинските сестри веќе се конкурентни со приватниот сектор, а целта на…

Повеќе

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против екс-директорот на Онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување. Рочиштето помина во знакот на емотивни сведоштва на членови на семејствата на починати пациенти, кои ги опишаа последните денови и терапиите примани на Клиниката. Додека двајца од оштетените се приклучија кон кривичниот прогон и најавија отштета, еден сведок изненади со својата изјава. Тој рече дека ниту бара отштета, ниту сака прогон, бидејќи смета дека терапијата на Васев ѝ го продолжила животот на неговата сопруга. „Мое лично мислење е дека многу пократко ќе завршеше нејзиниот живот ако останеше да…

Повеќе

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.К.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Пријавениот, со пушка, која ја поседувал без дозвола, упатувал закани на неговата сопруга и неговите деца. По преземени мерки, полициски службеници од него одзеле пушка калибар 9 мм и 71 куршуми.  

Повеќе

Вчера во 20:00  часот  во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од село Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната А.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, известија од полицијата.  Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Повеќе