Close Menu
Press24
    Најново

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски се сретна со Француската бизнис конфедерација: Владата нуди сигурно партнерство за нови инвестиции

    Муцунски се сретна со Француската бизнис конфедерација: Владата нуди сигурно партнерство за нови инвестиции

    03.06.2026 во 12:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со претставници на Француската бизнис конфедерација. Клучна тема на разговорот беа можностите за продлабочување на економската соработка, привлекувањето нови инвестиции и развојот на партнерства во секторите со висок потенцијал за раст.

    За време на разговорите, Муцунски ги претставил владините приоритети во делот на економскиот развој, нагласувајќи ја подготвеноста на домашните институции да обезбедат поддршка за странскиот капитал.

    Како што објави самиот министер на социјалните мрежи, државата е подготвена да биде силен и сигурен партнер за сите компании кои сакаат да придонесат кон развојот на стопанството.

    Тој ја потенцираше важноста на секој нов деловен проект од странство за македонската економија.

    „Посочив дека секоја нова странска инвестиција претставува значаен придонес кон економскиот раст, отворањето нови можности и создавањето услови за одржлив развој. Претставниците на Француската бизнис конфедерација го потврдија интересот на француските компании за натамошна соработка и нови инвестиции, а со тоа и за дополнително зајакнување на економските односи меѓу двете земји“, нагласува Муцунски.

    Од француска страна бил потврден јасниот интерес за продолжување на соработката, што во иднина треба да резултира со зајакнување на економските релации меѓу двете држави.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.