- Спортската сала „Расадник“ со нов изглед – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
Author: Author 04
Вчера во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди се здобиле тројца 16-годишници од с.Чешиново, с.Спанчево и с.Кучичино и 14-годишна малолетничка од с.Чешиново, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
Вчера во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице. Тој насилно го турнал момчето во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило. Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кавадарчанка била измамена преку СМС порака, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Вчера попладне во 15:45 часот во ОВР Кавадарци, 43-годишна кавадарчанка пријави дека на 20.01.2026 била измамена за сума од 29.930 денари. Според пријавеното, на нејзината електронска адреса добила лажна порака во име на Оддел за моторни возила при МВР за сторен сообраќаен прекршок и со насоки за електронско плаќање на казната, по што се регистрирала според дадените инструкции и ги оставила своите лични податоци, соопштија од СВР Велес. Како што било пријавено, подоцна добила известување дека од нејзината…
Вчера во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Т.С.(57) од с.Идризово, скопско, Според пријавеното, тој претходно се заканувал на 26-годишен маж од скопско, поранешно партнер на неговата ќерка, барајќи да му врати сума пари што наводно ги давал за кирија, за поправки на автомобил и за други трошоци додека сите тројца живееле заедно во изнајмен стан во населбата Карпош. Имено, по пријавување на настанот и по известување на надлежен јавен обвинител, земен е записик за примање на пријава за кривично…
Вчера во 13:50 часот во населба Домачки дол, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Т.А.(59) од Крива Паланка. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано возило. По извршен преглед е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик. Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.07.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна…
Македонскиот енергетски пазар влегува во нова, модерна фаза на развој. Со потпишувањето на договорот меѓу националниот оператор МЕМО и словенечката енергетска берза БСП, официјално започна имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market). Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека ова е клучен чекор кон европско усогласување на нашиот енергетски систем. Според неа, овој пазар ќе овозможи поголема стабилност и подобро управување со енергијата во реално време. „Македонија не чека. Македонија се интегрира. Преку вакви конкретни проекти ја градиме енергетската иднина на државата со јасна визија и одговорност“, порача министерката Божиновска.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со британскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Метју Лосон. Денес, остварив работна средба со британскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Метју Лосон, како и со делегација од Обединетото Кралство, во состав на Клер Сирс, директорка на Британскиот совет за Западен Балкан, Доминик Роудс, раководител за политика во Амбасадата, како и Милан Лучиќ, раководител на Секторот за уметност при Регионалната канцеларија на Британскиот совет, посочи Ѓорѓиевски. Во рамките на средбата Ѓорѓиевски го запозна амбасадорот Лосон со програмата и плановите за развој на Скопје, кои се темелат на јасна визија, конкретна стратегија и долгорочни,…
Единиците на Српската армија ќе изведуваат пешадиско гаѓање на полигонот „Шуматавац“ во Алексинац во текот на февруари 2026 година. Стрелицата е претежно сместена во катастарската општина Алексинац надвор од градот, а помал дел во катастарската општина Вакуп, па затоа движењето, задржувањето и престојот на луѓе, добиток, моторни возила и екипи за сточарство во ограничената област е забрането во текот на наведениот период. „Не одете подалеку – пукаат во вас“Пешадиското гаѓање ќе се одржи во Алексинац во текот на февруари Стрелицата каде што ќе пукаат војниците на Српската армија ќе биде обележана со црвени знамиња и знаци со натпис: „Не одете подалеку…
Дигитализацијата на енергетскиот сектор ќе стави крај на дилемите кај граѓаните дали сметките за струја се реални или паушални. Апостолчо Рамов, раководител во РКЕ, најави дека следниот голем чекор е воведување на паметни броила (smart meters) кои ќе можат да се следат преку мобилен телефон во реално време. „Дигитализацијата ќе ја зголеми довербата – ќе нема повеќе дилеми дали е сметката реална или претпоставена. Целта е секој граѓанин сам, онлајн да следи како му се движи потрошувачката“, истакна Рамов. Покрај оваа новина, РКЕ воведува и задолжително тестирање на отпорноста на компаниите на хакерски напади. Енергетските оператори во иднина ќе мораат…
