- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
- Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
- Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот
Author: Author 04
Првиот заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Самитот во Давос и на Средбата на лидерите 2026, значајна платформа за дијалог и глобална соработка. Тој учествуваше на два тематски панела: „Клима, конфликти и грижа“, каде беше нагласена важноста на дијалогот и регионалната и меѓународната соработка; и „Балканот – историја, стабилност и иднина“, каде се дискутираа регионалните предизвици, европската интеграција и економскиот развој како столбови за мир и долгорочна стабилност. За време на својот престој, Сали оствари средби со политички претставници, бизнис-лидери и медиумски куќи од целиот свет, при што дискутираа…
Доцна синоќа во Конгресниот центар во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум, беше активиран противпожарен аларм во моменти кога во зградата престојувал претседателот на САД, Доналд Трамп. Веста ја објави швајцарската агенција „Keystone-SDA“, пренесе „Анадолија“. Портпаролот на кантоналната полиција на Граубинден потврди дека Трамп бил во објектот во моментот на инцидентот, каде претходно во текот на денот одржа и свој говор. „До среда вечерта сè уште не е познато што точно го предизвикало инцидентот“, изјави портпаролот на полицијата. На местото на настанот веднаш биле испратени дополнителни полициски сили, пожарникари и амбулантни возила како дел од засилените безбедносни протоколи…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави детален извештај за состојбата на тереноб до 09:00 часот, по последните врнежи од снег во државата. Според информациите, во неколку региони се соочуваат со проблеми во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија.Битолски регион Во Општина Крушево, на регионалниот пат Крушево – Пуста Река (пат од втор приоритет), ќе се интервенира во претпладневните часови. Патот е прооден за теренски возила и возила со соодветна зимска опрема. Во Општина Демир Хисар, поради дефект на електричната мрежа, без електрична енергија се корисниците во селото Големо Илино. Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на Општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година. Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни. Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи. „Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат…
Овен – Денес преку разговор или информација ќе дојдете до важен увид. Ќе сфатите кој навистина ви е сојузник, а кој е само присутен во вашиот живот. Бик – Фокусот е на кариерата. Ќе откриете што се случува зад сцената, а тоа сознание ќе ви помогне да ја вратите контролата врз ситуацијата. Близнаци – Можно е да ја промените перспективата за еден важен план. Искрениот разговор со самите себе ќе ве ослободи од старите ментални рамки. Рак – На површина излегуваат теми за доверба и финансии. Иако сознанието може да биде интензивно, тоа ќе ви даде моќ за зрел чекор…
Сообраќајот на сите државни патишта низ државата се одвива непречено и по безбедни коловози. Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека поради врнежите од снег со слаб интензитет во Струмица, Крушево и на планинскиот превој Ѓавато, се препорачува зголемена внимателност при управување со возилата. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се на терен со потребната механизација и работна сила, вршејќи континуирано расчистување. Активностите се координирани со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт. „Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните…
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информираше дека се третираат сите улици кои се под надлежност на Градот, со посебен фокус на критичните точки.Ноќва, рамо до рамо со екипите на Град Скопје, на терен!, напиша Ѓорѓиевски. „Ноќва сме присутни на сите клучни и критични точки, каде што екипите на зимската служба на град Скопје навремено интервенираат со посипување сол, со цел да се спречи замрзнување на коловозите поради ниските температури“, истакна градоначалникот. Ѓорѓиевски посочи дека дополнително, се третираат и сите улици кои се под надлежност на Град Скопје. „Остануваме на терен во текот на целата ноќ, со цел сообраќајот да…
Времето денеска променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во претпладневните часови се очекуваат локални врнежи од дожд и снег, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Во попладневните часови облачноста постепено ќе се намалува, а ќе дува слаб јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од -4 до 0 степени, додека максималните ќе достигнат до 7 степени. Во Скопје се очекува слично време со максимална температура до 4 степени. Стабилен период со пораст на дневните температури не очекува до сабота, иако по одделни котлини е можна појава на…
Србија официјално влегува во ерата на напредна воздушна мобилност. Министерот за финансии, Синиша Мали, и челниците на американската компанија „Archer Aviation“ потпишаа Договор за партнерство во Давос за воведување на електрични летачки такси возила. Според договорот, Србија ќе набави флота до 25 авиони „Midnight“ – иновативни летала за вертикално полетување и слетување (eVTOL). Претседателот Александар Вучиќ истакна дека ова е стратешки чекор за носење на најсовремената американска технологија во земјата, нагласувајќи дека ова партнерство е планирано да трае со децении.
Вчера во 13:36 часот во СВР Скопје, 16-годишник од село Грчец, општина Сарај, пријавил дека околу 13:00 часот во семејниот дом дошле две машки и три женски лица и физички го нападнале неговиот брат Д.Г.(21) и неговата малолетна девојка, при што малолетничката ја земале со нив и заминале, се наведува во полицискиот билтен. Според пријавеното, двајца од нив, биле родители на малолетничката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
