Author: Author 04

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, официјално поднесе кандидатура за функцијата Државен јавен обвинител на Република Северна Македонија. Во пријавата доставена до Собранието, Панчевски наведува дека ги исполнува сите општи и посебни законски услови за извршување на оваа висока функција. Панчевски, кој има долгогодишно искуство како судија во кривичната област, доставил докази за исполнување на критериумите од Законот за јавното обвинителство, вклучително и потребниот работен стаж. Оваа кандидатура доаѓа во време кога државното обвинителство го води вршител на должност, по оставката на Љупчо Коцевски во декември минатата година.

Повеќе

Човечките останки пронајдени во куќа во општина Ворст во Брисел минатото лето се на маж од Северна Македонија кој се сметал за исчезнат повеќе од 20 години. Реџеп Рахмановски исчезна во летото 2003 година. Полицијата сега издаде информативен билтен со надеж дека ќе дознае повеќе за г-дин Рахмановски и неговото исчезнување. Во среда, 16 јули 2025 година, работниците кои реновираат куќа на улицата Конинг Тресигнистрат во Ворст пронајдоа човечки скелет во подрумот. Сега, повеќе од 6 месеци подоцна, има повеќе информации за идентитетот на лицето чии останки беа пронајдени. Тој е Реџеп Рахмановски, човек роден во 1976 година во денешна…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицксоки се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија.„Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и компанија којашто, сигурен сум дека ќе влијае позитивно во намалување на цените на услугите кои што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија“, посочи Мицкоски.

Повеќе

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуда во случајот „Геријатрија“, изрекувајќи му затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи. Вработениот во истата установа, Блерим Амити, е осуден на една година и десет месеци затвор. Двајцата се огласени за виновни за примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Според пресудата, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба, додека Амити посредувал при предавањето на парите. Судијката Ленка Давиткова во образложението истакна дека судот особено го ценел искористувањето на тешката здравствена состојба на пациентите…

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, денеска официјално го потпишаа меморандумот кој поставува рамка за долгорочен развој на Скопје. Овој договор има за цел унапредување на локалните политики, јакнење на институциите и воведување одржливи решенија за граѓаните. Партнерството опфаќа клучни реформи во даночниот систем, дигиталната трансформација и заштитата на животната средина. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова е важен чекор во продлабочување на соработката со УНДП, како една од најрелевантните меѓународни организации за одржлив развој.

Повеќе

ЦУК со информација за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 13:30 часот Скопски регион До 13:00 часот сите патни правци на територијата на Град Скопје се исчистени и сообраќајот се одвива по влажни коловози. Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата и се подготвени за дополнителни интервенции. Битолски регион Патните правци кон ски-центрите Пелистер и Нижо Поле се проодни во зимски услови. Приоритетните улици и патишта во Битола се исчистени и опесочени, а екипите на ЈП „Македонија пат“ и ЈП „Нискоградба“ со целосна механизација работат на расчистување на останатите делници. Во општините Новаци и Могила нема…

Повеќе

На ден 20.01.2026 година, од страна на стручно лице З. Пеев, вработен во Дирекцијата за заштита и спасување – Подрачно одделение Штип, безбедно е отстранета минофрлачка граната 82mm од Втората светска војна, пронајдена на подрачјето на Ново Село, с.Ново Коњарево, соопштија од ДЗС. Истиот ден, во Кочанско, на патниот правец кон Пониква, безбедно е отстранета и артилериска граната од 60mm. Пронајдените неексплодирани убојни средства ќе бидат транспортирани и уништени на воениот полигон „Криволак“, согласно утврдените безбедносни процедури.

Повеќе

Девет човечки животи се спасени во тест-периодот на „Безбеден град“ во споредба со истиот период минатата година кога биле евидентирани 11 смртни случаи од сообраќајни незгоди на територијата на СВР Скопје – истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на прашање на пратеникот Халил Снопче. На собраниската седница за пратенички прашања тој го праша Снопче која е цената на човечкиот живот нагласувајќи дека од иплементацијата на проектот заслуга на македонските граѓани било токму спасените девет човечки животи. – Во тест-периодот имаме две сообреќајни незгоди со смртни случаи, односно два смртни случаја. Девет помалку, компаративно со минатата година. Само…

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на скопската обиколница, во близина на клучката кај населбата Хиподром. Според првичните фотографии од теренот, едно патничко возило е целосно превртено на покрив среде коловозот. На местото на настанот веќе се присутни полициски екипи.

Повеќе

Вчера во ОВР Гостивар, 72-годишник од Гостивар пријави дека му биле злоупотребени неговите лични податоци. Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал. Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле неговите податоци од лична карта за да исплаќаат добивки на трети лица и поради овие фиктивни приходи тој се соочил и со финансиски кратења на неговата пензија во Италија. Се преземаат…

Повеќе