СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“, „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и „несовесно работење во службата“.
Првопријавениот, во 2023 година, срушил и уништил куќа- заштитен објект на културно наследство, на кој била поставена спомен плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак, кој објект, согласно член 20 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја е заведен во регистер на спомен обележја како заштитен објект на културно наследство и е заведен во програма за одбележување на значајни настани и личности со спомен обележја во општина Куманово. На таа локација, првопријавениот, во својство на инвеститор на градба извршил градежни работи и изградил градба од втора категорија, без претходно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам при општина Куманово, со што постапил спротивно на член 59 од Закон за градење, а објектот го изградил на земјиште сопственост на државата.
Додека пак, второпријавената како овластен градежен инспектор несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања на начин што донела решение врз основа на нецелосна и неточно утврдена фактичка состојба, а која била должна да ја утврди согласно член 9 од Закон за инспекциски надзор во врска со член 2 а од Закон за градење.
- Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
- „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
- Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
- Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
- Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
- Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
- Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
- СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

