Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

    Димитриеска-Кочоска: Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

    02.06.2026 во 12:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што  во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра.

    Средствата за сервисирање на оваа обврска државата, односно Министерството за финансии, ги обезбеди преку издавање Еврообврзница во текот на јануари 2026 година. Еден дел, односно 383,7 милиони евра беа предвремено исплатени во февруари 2026 година, додека останатиот дел од Еврообврзницата кон имателите  коишто не прифатија предвремена исплата во февруари, беше исплатен денеска.„Со исплата во износ од 327,9 милиони евра комплетно ја исплативме Еврообврзницата од 700 милиони евра, издадена во 2020 година. Таа е дел од обврските што како Министерство за финансии редовно и навремено ги сервисираме.

    Во втората половина од 2024 година, откако ја презедовме власта, исплативме обврски во износ од 786 милиони евра. Во текот на 2025 година исплатени се 2,198 милијарди евра и во текот на 2026 година 1,571 милијарди евра, што во вкупен износ за целиот овој период изнесува  4,556 милијарди евра “, истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска Министерството за финансии применува внимателен и сериозен пристап во управувањето со јавниот долг, а одлуката за предвремена отплата на Еврообврзницата донесе заштеди во Буџетот од 3,2 милиони евра. 

    Ваквата определба за прудентно управување со јавниот долг ќе продолжи и во наредниот период преку финансирање на потребите на државата навремено и со најнизок можен трошок.

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.