- Мажите во Македонија во просек умираат на 72,2, а жените на 76,6 години
- Мицкоски: Блиску сме до носење одлука државата преку АД ЕСМ да го финансира и гради проектот Чебрен и Галиште
- Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
- Филипче: Владата должи 200 милиони евра за поврат на ДДВ – фирмите се пред колапс
- Пејачка фатена во нова романса: Шакира го напуштила хотелот среде ноќ со овој маж
- Почина Самара од култниот хорор „Прстен“
- Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
- Добра вест за жителите во Мичурин – општината им асфалтира важна улица
Author: Author 04
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, пред малку преку социјалните мрежи сподели ексклузивна вест која значи спас за македонскиот транспортен сектор. По интензивната дипломатска офанзива и притисокот од Скопје, Брисел попушти – возачите на камиони конечно ќе добијат специјален статус.Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме, напиша Николоски. „После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи. Во…
Вчера полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода 40-годишник, 26-годишник, 22-годишник и 20-годишник од неготинско село, во врска со кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ казниво по член 188 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека извршиле обљуба врз 13-годишна малолетничка. Лицата се задржани во полициска станица, а потоа и спроведени во Основен суд Кавадарци, каде од судија на претходна постапка, им се определени мерки притвор во траење од по 30 дена, по што се спроведени во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Новата визна стратегија на Европската Унија ќе им помогне на транспортерите од Западен Балкан, изјави денес извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, и рече дека ЕУ сака да обезбеди пофлексибилни правила за прекуграничните работници. Одговарајќи на прашање од новинар, Виркунен истакна дека проблемите на возачите од Западен Балкан се познати на Комисијата и дека новата визна стратегија предвидува одредена флексибилност, но дека безбедноста на границите останува приоритет. „Системот за влез и излез (СВИ) не воведува нови барања за краткорочни престои во Шенген“, рече Виркунен. Таа истакна дека возачите кои ја преминуваат границата секојдневно…
Советниците на Општина Центар на 4. седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче од 7 000 на 10 000 денари. „Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар“, рече Герасимовски. Право на поддршката ќе имаат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на Општина Центар. Одлуката овозможува континуирана грижа за домаќинствата со принова. Со оваа одлука, локалната самоуправа уште еднаш потврдува дека поддршката за младите семејства и создавањето подобри услови за раст и развој на децата се меѓу врвните приоритети.
Очекувам Европската Комисија во скоро време да изнајде решение за проблемот со превозниците на состанок со нас министрите за транспорт од регионот. Имаме меѓународна подршка од земји од ЕУ и за доброто на целокупната економија е да се изнајде решение, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на одговор на пратеничко прашање. “ Во однос на решенијата понудени се неколку алтернативи. Едно е да се применува истото правило кое се применува за пилотите и кабинскиот персонал, како и машиновозачите и персоналот во возовите, а тоа е дека за нив овие правила не важат. Втората варијатна е помалку прифатлива, а…
Поддржуваме одржлива, разумна и долгорочна иницијатива за заштита на здравјето на граѓаните од штетните последици од пушењето , особено кога станува збор за заштита на младите и превентивна борба против зголемениот број на малолетни уживатели на електронски и обични цигари. Но, подеднакво важен е начинот на кој се носат и се спроведуваат законите, пишува во својата последна колумна, Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во која се осврнува на вовлекувањето на игрите на среќа во актуелната дебата за предлозите за измени на Законот за заштита од пушењето.„Ако ова го ставиме во контекст на индустријата на…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник. Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал. Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино. Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени…
Европската Унија објави нова стратегија за визи која за прв пат предвидува системско решение за професионалните возачи од земјите надвор од Шенген зоната, преку воведување посебни визни режими и продолжени краткорочни престои во Шенген зоната. Во стратешкиот документ на Европската комисија се наведува дека сегашниот режим на престој, кој дозволува 90 дена во рок од 180 дена, создава сериозни проблеми за секторите кои зависат од постојана прекугранична мобилност. Меѓу нив, особено е истакнат секторот за патен товарен транспорт, што е од големо значење за земјите од Западен Балкан. Комисијата забележува дека сегашните правила бараат добивање долгорочна виза или дозвола за…
Македонија влегува во период на нестабилно време. Според најновото соопштение од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре не очекува променливо облачно време со врнежи кои на планините ќе бидат од снег, додека на повисоките места ќе има мешавина од дожд и снег. Вистинската промена доаѓа во недела, кога се очекуваат поинтензивни врнежи. „Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места“, предупредуваат метеоролозите. Од понеделник се очекува стабилизација, но со ведри утра и значително ниски утрински температури.
Вчера во 14:55 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.Ј.(52) од село Добридол, поради основано сомнение декa претходниот ден во ПО Галате лажно пријавил тешка кражба, извршена во неговата куќа во с. Добридол, каде наводно, според пријавеното, непознати лица влегле преку прозорец од тоалетот и одзеле злато и пари, информираа од полицијата. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
